1.8 C
Скопје
00:08 - 11 март, 2026

Само силниот организам може да се избори со вирусите – Овој рецепт ќе ви помогне да го зајакнете имунитетот од корен!

Еве зошто токму со овој напиток е најдобро да го започнете денот…

Во овој период многу е важно да го зајакнете имунитетот со цел вашето тело да остане заштитено од вирусите. Физичката активност, доволното количество на сон и доволниот внес на витамини во овој момент се исклучително важни.

Отсекогаш подобра била идејата витамините да се внесуваат преку храната или одредени напитоци. Пронајдовме домашен рецепт за целосно природен сок. Состојките кои се користат изобилуваат со витамини, па ќе го зајакнат организмот.

Се верува дека доколку редовно го консумирате овој напиток, тој може да придонесе за зајакнување на имунитетот:

Фото: Профимедиа

За подготовка ви е потребно:

2 моркови
1 јаболко
1 грејпфрут

Подготовка:

Подготовката е многу едноставна, сите состојки ставете ги во соковник и напитокот е подготвен. Доколку немате соковник може да употребите и блендер, а доколку смесата излезе премногу густа, додадете и вода.

Зошто овие состојки се добри за организмот?

Сите нутриционисти ќе се сложат со тврдењето дека морковите се многу здрави. Богати се со витамините А, Ц, К и Б8, како и со фолна киселина, калиум, железо, бакар и манган. Меѓутоа повеќето благотворни својства на морковот потекнуваат од неговото богатство со бета каротен и влакна. Исто така, морковот содржи и железо кое е неопходно за организмот да има доволно сила во текот на целиот ден.

Фото: Профимедиа

Јаболкото е вистинска ризиница на витамини

Во јаболкото има и до 40 мг витамин Ц, потоа витамините А, Е, Б1, Б2, Б6 и бета каротен. Исто така содржи и калиум, калциум, фосфор, магнезиум и железо.

Јаболките се богати со полифеноли кои имаат силно антиоксидативно дејство. Содржат кверцетин, камферол, мирицетин, катехини, антоцијанини и уште над 20 антиоксиданси.

Грејпфрутот е значителен извор на витаминот Ц

Грејпфрутот содржи, не само големи количини на витаминот Ц, за кој се знае дека штити од настинки и грип, туку и витамините А и Б комплекс, како и витамините Е и К.

Слични објави

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Брусницата е моќен заштитник на здравјето и најдобар лек за воспаленија на уринарниот тракт

Еспресо

Постојано сте уморни? Ова се симптомите на недостаток на железо што жените често ги игнорираат

Еспресо

Синдром на суво око – чест проблем во модерниот начин на живот

Еспресо

Морската сол содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Повлекување од социјална средина, кога е време за стручна поддршка?

Еспресо
Се вчитува....