09:01 - 8 ноември, 2026

Истражување: Мажите со ковид-19 имаат трипати поголеми шанси да завршат на интензивна нега отколку жените

Мажите заболени со коронавирус имаат трипати поголеми шанси да завршат на одделите за интензивна нега, во споредба со жените и имаат значајно поголеми шанси да починат од таа болест, објавија научниците.

Тие анализирале повеќе од три милиони потврдени случаи на болеста ковид-19 од 46 земји и 44 сојузни американски држави од 1 јануари до 1 јуни 2020 година, пренесува АФП.

Утврдиле дека ризикот од зараза со вирусот SARS-CoV-2 е ист и за жените и за мажите, бидејќи точно половина од случаите биле потврдени кај машкиот пол.

Но, мажите имале речиси трипати поголеми шанси од жените да бидат хоспитализирани на одделенијата за интензивна нега и 39 отсто поголеми шанси да умрат од вирусот, покажала студијата.

– Тие податоци би можеле да им помогнат на лекарите да увидат дека полот е ризичен фактор за тешката форма на болеста. Полот е варијабила недоволно наведена во многу истражувања и ова е потсетник дека полот е важен фактор кој треба да се земе предвид во истражувањата – рекла коавторката на студијата, Кејт Веб.

Tрендот е глобален со ретки исклучоци и може главно да се објасни со биолошките разлики, велат научниците.

За разликите според полот на вродениот имунитет и оној кој подоцна се развива веќе се пишуваше и може да се објасни женската предност кај заболувањето од ковид-19, велат авторите.

Жените природно произведуваат повеќе интерферонски протеини тип 1, кои го ограничуваат абнормалниот одговор на имунолошкиот систем познат како цитокинска бура за кој се верува дека игра улога во развојот на тешки форми на ковид-19. Женскиот хормон естрадиол може исто така да им помогне на жените да ги елиминираат тешките форми на вирусот, бидејќи го јакне одговорот на Т-клетките, кои ги уништуваат заразените клетки и го зголемуваат производството на антитела, се наведува во студијата.

Од друга страна, машкиот хормон тестостерон го потиснува имунитетот, додаваат авторите на студијата.

Разликите според полот во коморбидитетите поврзани со тешка форма на ковид-19 може да ги изложат мажите на многу поголем ризик, напишале научниците во истражувањето, но додаваат дека недостасуваат податоци кои би одговориле на прашањето за улогата на другите здравствени проблеми.

Во додатокот на тоа, авторите на студијата забележале сличност во глобалните размери со бројот на жени и мажи со висок крвен притисок и дијабетес – „најчестите коморбидитети кај пациентите хоспитализирани со ковид-19“.

Ова откритие би можело да влијае на развојот на идните вакцини.

Слични објави

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova
Се вчитува....