0.8 C
Скопје
04:47 - 10 март, 2026

Природен шејк за рамен стомак

Доколку сакате и понатаму да имате рамен стомак, а правењето на стомачни вежби ви изгледа многу напорно, тогаш обидете се да го испробате овој напиток, кој на многумина им помогнал и тоа долгорочно да го решат проблемот со наталожувањето на масни наслаги во пределот на стомакот.

Покрај тоа, со негово редовно консумирање, освен што ќе ја спречите појавата на дебелеење во овој дел од телото, значително можете да ослабнете и во обем и тоа по еден сантиметар за 20 дена.

Покрај тоа, овој напиток ќе ви помогне и во чистење на организмот, со негова редовна употреба  зналително ќе го намалите лошиот холестерол и триглицеридите во крвта и ќе ги нормализирате притисокот и шеќерот, а остовремено ја подобрува и функцијата на мозокот и го подобрува помнењето.

Доколку сакате да се обидете со овој трик за подготовка на рамен стомак, потребни ќе ви бидат следните состојки:

1 лажица мед

2 лажици јаболков оцет

сок од еден грејпфрут

Подготовка:
Сите состојки се ставаат во блендер и убаво се миксираат. Напитокот препорачливо е да го пиете секојдневно и тоа исклучиво пред ручекот и пред вечерата. Пијте го така одреден период (десетина дена), а потоа направете пауза.

Доколку пак не сте некој голем обожавател на вкусот на грејпфрутот, во тој случај заменете го со мандарина или со портокал.

Ако овој напиток не ви изгледа доволно предизвикувачки за да го пиете доволно долго за да го постигнете ефектот на рамен стомак, обидете се истата цел да ја постигнете со подготовка на напиток од банана.

За негова подготовка потребни ќе ви бидат следните состојки:

2 банани

1 портокал

200 мл јогурт

1 лажица кокосово масло

малку ѓумбир

3 лажици ленено семе

3 лажици сурутка во прав

За да го подготвите овој напиток сè што треба да направите е да ги измиксирате состојките и да го консумирате како претходниот напиток.

Слични објави

Брусницата е моќен заштитник на здравјето и најдобар лек за воспаленија на уринарниот тракт

Еспресо

Постојано сте уморни? Ова се симптомите на недостаток на железо што жените често ги игнорираат

Еспресо

Синдром на суво око – чест проблем во модерниот начин на живот

Еспресо

Морската сол содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Повлекување од социјална средина, кога е време за стручна поддршка?

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо
Се вчитува....