14:05 - 5 декември, 2025

Која храна предизвикува создавање на акни

Мозолчињата и акните можат да настанат поради многу различни фактори, но доколку подолго време не можете да ги отсраните, поведете сметка на исхраната.

Ако имате проблеми со акни и со мозолчиња, избегнувајте ги овие намирници.

Шеќери – намалете со консумирање слатки работи и газираните сокови.

Алкохол – алкохолот, особено жестоките пијалаци за кратко време можат да ја влошат состојбата на вашата кожа. Затоа намалете со консумација на алкохол.

Млечни производи – освен што можат да предизвикаат проблеми со варењето, млечните производи можат да бидат и причина за создавање мозолчиња.

Преработено месо – шунката, колбасите, сувомесните производи како и брзата храна се погубни за кожата.Намалете го нивното внесување во организмот на минимум.

Белиот леб и тестенините заменете ги со житарки.

Избегнувајте пржена храна и обидете се повеќе да јадете варена храна.

Храната пржена во длабоко масло не е добра ни за вашата фигура ни за вашата кожа, избегнувајте вакви оброци и преферирајте варена храна.

Јадете повеќе овошје, зеленчук, црвено месо, житарки и брзо ќе ја забележите разликата на вашата кожа.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Како да се заштитиме од респираторни вирусни инфекции

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Дебелина кај деца – што да се прави?

apostolova

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Рак на тестиси

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Не чекај знак, прегледај се навреме!

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Физиотерапија за пациенти со ортопедски или невромускулни оштетувања

Еспресо

(Видео) Новости од Клиника „Жан Митрев“: Успешно изведено поставување валвула во валвула

Еспресо
Се вчитува....