Мелиса Карвер е една од најзгодните жени во светот, таа е родена во Австралија, а позната е како фитнес и бикини модел.
Карвер се натпреваруваше на бројни ревии ширум светот, вклучувајќи го и спортскиот фестивал Арнолд во 2017 година, каде го освои првото место.
Покрај моделирањето, Мелиса е и личен тренер и амбасадорка на значајни спортски компании ширум светот.
– Во сите нас постои дух на борец и ќе бев слаба ако му дозволев на светот да ме спречи на патот кон моите сништа – вели Карвер.
Прекрасната Мелиса има многубројни обожаватели ширум светот, со кои секојдневно споделува корисни совети за тренингот и исхраната преку социјалните мрежи.