14:53 - 28 ноември, 2026

Жерар Депрадје ќе ја дознае пресудата во мај: Овинителството бара 18-месечна условна казна за актерот

Суд во Париз објави дека на 13 мај ќе ја донесе пресудата за актерот Жерар Депардје кој е обвинет за сексуално вознемирување на две жени за време на снимањето на филм во 2021 година. Француското обвинителство во четвртокот побара 18-месечна условна казна и парична казна од 20.000 евра за Депардје, пренесуваат странските медиуми.

Седумдесет и шестгодишниот Депардје, истакната личност во француската кинематографија, е обвинет за сексуално вознемирување на две жени за време на снимањето на филм од 2021 година. Ова е првпат актерот, кој се соочува со бројни обвинувања за сексуално вознемирување низ годините, да биде изведен пред суд.

„Три години ме влечете низ калта со лаги и клевети кои ми ја јадат крвта и желбата да комуницирам со луѓе од сите возрасти“, рекол Депардје пред да ја напушти судницата.

Актерот призна дека фатил една од жените за бутот, но негираше дека тоа е напад. Неговиот адвокат рече дека наводите против неговиот клиент се лажни и дека истражителите биле пристрасни.

Депардје се прослави со улогите во филмовите „Сирано де Бержерак“, „Човекот со железна маска“, „Последното метро“, „Ќерката на мускетарот“, „Животот на Пи“ и „Астерикс и обелиск“.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.
Се вчитува....