09:31 - 2 април, 2025

Доење во време на коронавирус: Дали мајката може да го зарази бебето преку мајчиното млеко?

Со ширењето на коронавирусот прашањето кое сите мајки моментално кои ги дојат своите деца си го поставуваат е – Дали можат да му го пренесат коронавирусот на бебето преку млекото и дали мајката која е заразена со вирусот Ковид 19 може да го зарази бебето преку доењето?

Прво и основно е дека коронавирусот не ги погаѓа децата на толку сериозен начин на кој ги погаѓа сите возрасни посебно оние со здравствени компликации.

На кој начин коронавирусот ги погаѓа бремените жени уште не е познато, бидејќи и натаму станува збор за нов вирус.

Во Кина се родени 22 бебиња од мајки кои беа заразени од коронавирусот, но ниту едно од нив не беше позитивно на вирусот.

Засега нема докази дека овој вирус може да се пренесе од мајката на бебето додека плодот се уште се развива во стомакот.

Ова сугерира и дека вирусот не може да предизвика никакви абнормалности кај бебето – истакнува Денис Џемјсон, шеф на катедра за гинекологија на медицинскиот универзитет во Велика Британија.

На мајките заразени од вирусот им е дозволено да бидат со своите бебиња по породувањето и да имаат многу важен контакт кожа на кожа со нив.

Иако во Кина мајките се советуваа 14 дена да бидат одделени од бебињата, тоа на крај се покажа како погрешен совет, бидејќи има негативни последици на доењето и на поврзувањето на мајката со бебето.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Синдром на скршено срце

Еспресо

„Санте плус 3“, лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Заштитете го вашето срце, направете коронарен стрес-тест

Еспресо

Интервју со д-р Катерина Игневска, специјалист по микробиологија во Клиника „Жан Митрев“: Преку едукација и вежби до нулта толеранција за болнички инфекции

Еспресо

„Санте плус 3“, лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Мамографија – кога и зошто е важна?

Еспресо

Новости од Клиниката „Жан Митрев“: За 25-годишнината на Клиниката „Жан Митрев“ – 25 илјади нови садници

Еспресо

Врвна радиологија во болницата „Санте плус 3“: Точната дијагноза започнува со напредна радиологија

Еспресо
Се вчитува....