10.8 C
Скопје
09:41 - 30 март, 2025

ЗДРАВИ НАМИРНИЦИ-УБИЈЦИ НА ГЛАДОТ: Топ 12 нутритивни кралици кои долго ќе ве држат сити

Киселите краставички, јаткастите плодови, јаболката се само еден дел од видовите храна после која нема да посакате друга храна и ситоста ќе трае подолго од вообичаено.

Еве ги 12-те нутритивни кралици кои долго ќе ве држат сити, а не дебелеат.

Јајца

Протеините од јајцата ќе направат да бидете сити до доцниот ручек. Истражувањата покажаа дека класичниот појадок (јајца и сланина) најдолго го држи човекот сит.

Чили

Најновите истражувања покажуваат дека лутите зачини помагаат во намалувањето на апетитот. Тие кои во своето јадење додале ¼ лажичка чили побрзо се почувствувале сити и задоволни. За време на истражувањето, на една група и го намалиле дневното внесување на 75% од препорачаното, но на јадењата  им додале лути зачини. Никој од нив немал потреба од повеќе храна во споредба со оние кои дневно внесувале 100%, но без тие зачини.

Мешунки

Грашокот и леќата се богати со протеини, влакна, антиоксиданси, витамин Б и железо. Со исхрана богата со нив полесно ќе го контролирате вашиот апетит, бидејќи  ќе бидете сити подолго време. Една неодамнешна студија објавена во списанието „Дебелина“ открива дека луѓето после јадењето на оброк кој  содржи мешунки биле 31 проценти повеќе задоволни.

Јаболка

Ако изедете едно јаболко половина час пред главното јадење ќе  јадете помалку затоа што јаболкото ќе ве засити благодарение на влакната и водата кои ги содржи.

Супа

Луѓето кои јаделе за ручек прво супа го намалиле вкупното внесување на калории од оброкот за 20 проценти. Супите обично се нискокалорични и вкусни, а и заситуваат.

Вода

Симптомите на глад и жед се многу слични. Понекогаш можеби сте само жедни, а чувствувате глад. Пијте многу вода за да останете хидрирани. Водата ќе ви ја врати енергијата, ќе го подобри вашето расположение и когнитивните способности. Доколку  почувствувате ненадејна потреба за нешто слатко во попладневните часови, испијте една чаша вода и почекајте 10 минути. Шансите се големи дека „нападот“ на глад ќе помине, а вие нема да се наполните со непотребни калории.

Кисели краставици

Не само киселите краставички туку и другиот кисел зеленчук ќе ви помогне да го намалите внесот на калории. Тој содржи масни киселини кои ја подобруваат врската меѓу стомакот и мозокот така што го стимулираат производството на хормонот кој ја подобрува сигнализацијата на апетитот . Исто така содржат и пробиотици кои го подобруваат варењето на храната.

Темна чоколада

Помалку ќе изедете од него отколкуод на пример млечната чоколада. Кога ќе почувствувате потреба за нешто слатко тогаш посегнете за коцка темна чоколада. Освен што нема да изедете многу, благотворно ќе делува на крвниот притисок и ќе го заштитите срцето и мозокот.

Протеин од сурутка

Се смета дека е еден од најзаситувачките  протеини, а тие кои го пиеле велат дека јаделе 18% помалку во наредните неколку часа. Можете да го додадете и во пијалак, но во секој случај бидете внимателни при купувањето.

Јаткасти плодови

Тие се природно решение да се запре гладот поради своите заситени масни киселини, протеини и влакна. Со нив ќе се чувствувате сити подолго време, а ако ги јадете со јагленихидрати, овошје и овесна каша ќе се забави варењето на храната и ќе го регулираат шеќерот па нема да имате потреба за слатки искушенија.

Овесна каша

Според досегашните истражувања во споредба со останатите жита, овесната каша дава најдолго чувство на ситост. Богата е со влакна, протеини и бета глутен. Освен тоа после неа ќе ви се намали желбата за храна, а нема да има ниту неочекувани напади на глад.

Авокадо

Доколку со ручекот изедете  половина авокадо подолго ќе се чувствувате сити и подоцна ќе имате помала потреба за грицкање. Поради својот состав многу брзо може да ве засити, па со него сигурно ќе ги избегнете сите нездрави и „празни“ калории помеѓу оброците.

Слични објави

Хороскоп за 30 март: Стрелците да бидат отворени во љубовта, Девиците да бидат искрени кон партнерот, а вие?

Еспресо

Весна Змијанац: Кога ќе заминам од овој свет, многу луѓе ќе ги мрзи да дојдат на мојот погреб

Еспресо

Јелена Карлеуша поднесе кривична пријава против „Еко гард“: „Не планира никому да молчи!“

Еспресо

Се превртувам кога ќе го видам тоа на маж! Јована Јеремиќ им одржа лекција на гостите во студиото!

Еспресо

(Фото+видео) Маја Николиќ шокира со новиот изглед: Пејачката целосно се трансформираше, има нова боја на косата

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Лавовите ќе имаат проблем со пари, Девиците ќе потонат во монотонија со партнерот

Еспресо
Се вчитува....