6.8 C
Скопје
19:40 - 19 февруари, 2026

Внимателно: Кога се воведува мед во бебешката исхрана?

Медот е докажано корисен производ што има благотворно дејство за целиот организам. Може да се користи како храна или да се додаде во разни јадења и пијалаци. Но, тој истовремено е силен алерген, особено медот од хелда, додека багремовиот се смета како најсигурен.

Медот се препорачува да се воведе во детската исхрана не порано од 12 до 18 месеци возраст. Најдобро е да не се воведува во чист облик, туку како додаток во некој пијалак или храна. Еднаш кога ќе му дадете на детето да пие пијалак со мед, треба да ја следите реакцијата на неговиот организам. Ако нема реакција, можете да ја зголемите количината мед додавајќи го во други јадења.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hannah (@hannahshoneycomb)

Покрај тоа што е алерген, медот е опасен за деца помали од една година и поради можноста да се разболат од ботулизам. Тоа е инфективна болест, која се развива при голтање на ботулинум токсин, една од најпознатите токсични супстанции денес, кои ги произведува бактеријата клостридиум ботулинум.

Медот може да ги содржи овие бактерии што не се задржуваат во цревата на возрасна личност, за разлика од бебињата, поради развиените заштитни функции.

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Вљубени и здрави

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Клиника „Жан Митрев“ официјално акредитирана како европски центар за третман на дебелина

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Европските клинички стандарди во пракса

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Тестаментот не се прави во криза, туку во мир

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Заедно за подобро здравје, кредит со 0 отсто камата

Еспресо
Се вчитува....