8.8 C
Скопје
09:14 - 18 март, 2026

(ВИДЕО) ПРОВЕРЕНО: Доколку сакате да изгубите килограми без да трошите пари, оваа жена го има одговорот

Секогаш кога станува збор за брзи и ефикасни решенија на проблемот со килограмите сме скептични и нечесто сме во право поради таквото чувство. Но, сега имате реална човечка шанса во која како почетници и странци на вежбањето или поздравиот начин на живот да го промените ставот кон физичката активност и со тоа вашиот живот во домашни услови.

Во првиот замав на пандемијата во изминатата година, фитнес инструкторката Клои Тинг доживеа скоро и невидена слава во молскавично брзо време. Славата беше резултат на учеството на илјадници луѓе кои на платфотмата „ТикТок“ ја следеа нејзината програма за вежбање. Целта на таа програма е да ви помогне да добиете стомачни мускули за две недели.

Со ваквиот феномен се изгради цела заедница на 22 милиони верни следбеници на инструкторката Тинг која функционира како систем на бодрење, инспирација и поддршка на сите кои вежбаат заедно со неа.

Веќе достапни се видеа и трансформации на стотици луѓе на нејзиниот јутуб-канал, а со нејзиното име се обележени и стотици други видеа на мрежата „Јутуб“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chloe Ting (@chloe_t)

Иако стомачни за две недели звучи неодоливо, наша препорака е да ги разгледате сите програми кои ги нуди г-ѓицата Тинг. Зошто баш нејзините покрај илјадниците други достапни на интернет? Бидејќи овие ни се „проверени“, односно ние во нашата редакција ги слушавме нејзините препораки и успеавме во целта. Клои нуди програми за целото тело, посилни раце, послаби нозе и се разбира такви кои ќе ја направат вашата фигура да изгледа како песочен часовник на нејзината веб-страна.

Програмите на Клои Тинг се исклучително ефективни и бараат само месец влог од вашиот живот, во кој ќе треба да имате војничка дисциплина, да одржувате калориски дефицит и да верувате во себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chloe Ting (@chloe_t)

Според добро познатата изрека здравјето е „80% исхрана, 20 вежбање“, потребно е во тој месец дена да се одржите во калориски дефицит (ако се обидувате да ја намалите вашата телесна тежина) и тоа да го направите на разумен начин, а не со екстремна промена која потенцијално може да ви наштети. Калорискиот дефицит може да пресметате тука и може да го следите во иднина преку телефонски апликации „My fitness pal“ и „Lifesum“.

Како што се достапни програми за вежбање на страницата од инструкторката Тинг, исто така имате пристап и до здрави и креативни рецепти како и видеа во кои таа спрема храна и споделува лични рецепти.

Со лесно!

Слични објави

Харис Џиновиќ станал познат на среќа, му се паднало „бинго“

Еспресо

Хороскоп за 18 март: Овните ќе добијат убави вести за нова работа, Близнаците се вљубени до уши

Еспресо

„Изгубив половина од себе“: Дарко Лазиќ сподели емотивен спомен за братот Драган

Еспресо

(Фото) Заведува неверни мажи, а потоа јавно ги разоткрива: „Ми се закануваат, но нема да запрам“

Еспресо

Сале Тропико се „исповеда“ за разводот со Јована Пајиќ: „Најмногу болеше разочарувањето…“

Еспресо

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо
Се вчитува....