14:50 - 25 јули, 2026

(ВИДЕО) ОВА СЕ СИМПТОМИТЕ НА НОВАТА ВАРИЈАНТА НА КОРОНА ВИРУСОТ – ОМИКРОН: Д-р Анџелик Коици, првата докторка во Јужна Африка го предупредува светот

Д-р Анџелик Коици, првата докторка во Јужна Африка која ги предупреди властите за пациентите со новата варијанта на коронавирусот – омикрон, изјави за британски „Телеграф“ дека симптомите на новиот вид се необични, но благи.

Д-р Коици истакнала дека првпат забележала дека е можно да се појави нова варијанта кога во ноември во нејзината приватна ординација во Преторија почнале да доаѓаат пациенти со симптоми на ковид-19 кои на почетокот немале смисла, пишува британски „Телеграф“.

Фото: Unsplash

Меѓу нив имало млади луѓе од различно потекло и националност кои се пожалиле на чувство на интензивен замор, но и едно шестгодишно дете кое имало многу забрзан пулс. Сепак, ниту еден од нив немал губење на сетилото за вкус или мирис.

„Нивните симптоми беа толку различни и поблаги од оние што порано сум ги лекувала“, рекла д-р Коици, општ лекар со 33-годишно искуство.

Кога на 18  ноември четворица членови од едно семејство биле позитивни на тестот за ковид-19, а од симптомите имале само целосна исцрпеност, таа го информирала советодавниот комитет за вакцини за исходот.

Д-р Коици истакнала дека околу две десетини од нејзините пациенти се позитивни на коронавирусот со симптомите на новата варијанта. Главно, тоа биле здрави мажи кои кај неа доаѓале жалејќи се на „неопислив замор“. Таа додала и дека приближно половина од нив биле невакцинирани.

Имавме еден многу интересен случај, дете на околу шест години, со температура и многу висок пулс. Прашав дали треба да го хоспитализирам. Но, кога го испратив случајот дома два дена подоцна, беше многу подобро – раскажала докторката.

Д-р Коици нагласила дека сите нејзини пациенти сега се здрави, но е загрижена дека варијантата омикрон би можела лошо да влијае на постарите луѓе, со придружни болести, како што се дијабетесот или срцевите заболувања.

Фото: Unsplash

„Она за што сега мора да се грижиме е дека кога постарите, невакцинирани луѓе ќе се заразат со новата варијанта, ќе видиме многу луѓе со тешка форма на болеста“, рекла таа.

Варијантата B.1.1.529, наречена омикрон, првпат беше идентификувана во Боцвана на 11 ноември, а досега е откриена во Јужна Африка, Велика Британија, Израел, Холандија, Белгија и Хонг Конг.

Тоа е најмутираната форма на ковид-19 досега откриена, со 32 мутации во спајк протеинот (шилецот), а научниците се загрижени дека мутациите би можеле да овозможат  да ги избегне постоечките вакцини (односно тие да бидат помалку делотворни) и брзо да се шири.

Судејќи според она што го рекла д-р Коици од Јужна Африка, првиот и основен симптом е огромен, неопислив замор, а потоа појава на температура и забрзан пулс.

Слични објави

Љупка Димитровска – „вечното девојче“ чиј глас и насмевка ги освоија цела Југославија и Европа

Е.А.

(Фото) Ќерката на Гоца Тржан ужива на луксузно патување, во раскошна вила со базен

apostolova

„Ме чека уште една операција“: Душица Јаковљевиќ ја критикуваа за носот, па откри сè за сложениот зафат

Е.А.

По 60 години кариера, Дадо Топиќ објави книга со своите најпознати стихови

Еспресо

Јелена Карлеуша ги откри деталите од средбата со Цеца: „Ми рече дека сум дебела и грда и дека никогаш нема да станам ѕвезда“

Е.А.

Дино Мерлин со солзи во очите проговори за Халид Бешлиќ: „Ќе биде со нас сите три ноќи на Кошево“

Е.А.
Се вчитува....