01:00 - 5 април, 2026

СУПЕР ХРАНА – БУЛГУР: 4 причини да го вклучите во исхраната

булгур

Булгурот е полуварена, исушена и здробена пченица и има многу корисни својства што го прават многу вредна и здрава состојка. Сè почесто се зборува за оваа храна од Блискиот Исток токму поради нејзините здравствени придобивки.

Еве зошто треба да го вклучите во исхраната:

Нискокалоричен е

Ако замените булгур во вашата исхрана наместо други житарки ќе внесете помалку калории, на пример, во 200 гр ориз ќе внесете околу 700 kcal, додека од истото количество булгур ќе внесете помалку од 200 kcal. Дополнително, поради високото ниво на растителни влакна ќе се чувствувате сити.

булгур

Богат е со витамини и минерали

Меѓу другото, булгурот содржи витамин Б6, цинк, магнезиум и железо во прилично големи количини, што влијае на целокупната благосостојба на организмот, од зајакнување на имунолошкиот систем до правилно функционирање на хемоглобинот.

ТЕЧНО ЗЛАТО: Млеко со куркума кое ќе ве излечи

Фитохемикалии

Рстителните влакна и фитохемикалиите од булгурот заедно ќе ви помогнат да го регулирате шеќерот во крвта, што е исклучително важен фактор за подобрување на целокупното здравје на организмот на долг рок.

Брза и лесна подготовка

Слично на оризот, булгурот обично бара готвење во зовриена вода, во сооднос од 1/2, со услов времетраењето на подготовката на булгурот да биде нешто пократко (во зависност од видот на булгурот). За да го подготвите ова јадење ќе ви бидат потребни од 3 до 20 минути. Може да купите и ситен булгур кој треба само да го натопите со зоврена вода и да ја почекате да се впие.

Кога ќе завршите, можете да ја вклучите вашата креативност и да го користите во различни слатко-солени комбинации.

СОВЕТИ: Како да започнете да се храните здраво?

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....