9.8 C
Скопје
18:30 - 19 март, 2026

РАСТЕЊЕ СО ДОМАШНО МИЛЕНИЧЕ: Помал ризик за алергии, децата ќе бидат поактивни од нивните врсници

деца кучиња

Грижата за куче може да им помогне на децата да останат активни. Малите деца кои имаат кучиња вежбаат 11 минути дневно повеќе од нивните врсници кои немаат кучиња, пренесува „PureWow“.

Кучињата можат да помогнат во намалувањето на стресот

дете куче

Иако кучето можеби не помага на ист начин како разговорот со возрасно лице, сепак може да помогне во ублажување на вознемиреноста.

„Кучињата и мачките можат да бидат одличен извор на утеха за децата кога се соочуваат бројни предизвици во детството. Секогаш кога децата се чувствуваат тажни, лути или исплашени, миленичињата можат да пружат верно дружење и гушкање. Се покажа дека гушкањето го ублажува стресот и им помага на луѓето да се релаксираат“, објаснува д-р Реген Т.С. МекГован, кој ја истражува оваа тема.

Грижата за домашно милениче ги учи децата на одговорност и емпатија

семејство

Помошта за грижа околу семејното милениче е еден од начините на кој децата учат за одговорност. Хранење, прошетка и учество во играта со миленичињата се всушност првите „лекции“ за одговорност и обврски со кои се соочуваат децата. Тие исто така учат што е емпатија додека развиваат повисоко чувство за самопочит со фактот дека имаат одговорност и се грижат за своите миленичиња.

Поттик за физичка активност

дете куче

Грижата за куче може да им помогне на децата да останат физички активни. Децата кои имаат кучиња вежбаат 11 минути дневно повеќе од нивните врсници кои немаат кучиња. Секојдневните прошетки, трчање и времето поминато во игра им дава можност на децата да излезат надвор и да се движат.

Може да го подобри имунолошкиот систем кај децата

дете куче

Целокупната изложеност на малите деца на некои бактерии кои ги имаат миленичињата може да биде корисна за нивниот имунолошки систем. Истражувањата покажуваат дека бебињата израснати во близок контакт со домашно милениче се со помала веројатност да се разболат во првата година од животот, што значи помалку посети на лекар. Истражувањата исто така покажаа дека децата кои растат со миленичиња имаат намален ризик од алергии.

Слични објави

Дали имаме нов холивудски пар? Се шушка дека Никол Кидман е во врска со ѕвездата од серијата „Менталист“

Еспресо

(Фото) „Мојата смисла на сѐ е во нејзината насмевка“: Каспер откри како ги поминува деновите со Мина Костиќ додека е во Америка

Еспресо

Што им носи пролетта на поле на љубовта на хороскопските знаци

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо

(Фото) „Те носам со себе додека сум жив“: Најдобриот пријател на Драган Лазиќ стави тетоважа во негова чест

Еспресо

(Видео) „10 кг плус, истрижена кратко и анксиозна“: Поранешната снаа на Кеба за разводот од Игор Којиќ

Еспресо
Се вчитува....