12.8 C
Скопје
12:21 - 17 март, 2026

ПРИРОДЕН РЕЦЕПТ: Мед и лук за подобар имунитет

Комбинацијата на мед и лук прави моќен народен лек кој Русите редовно го користат

Лукот го намалува крвниот притисок, како и нивото на холестерол во крвта. Овој зачинет зеленчук има антибиотско дејство, па често се користи за сузбивање на настинки и грип, како и за спречување на болести. Редовното консумирање лук го зајакнува имунитетот и производството на антитела во телото. Ги штити крвните садови и го намалува ризикот од срцев удар и мозочен удар, посочуваат лекарите.

Медот содржи многу витамини и над 37 минерални супстанции, меѓу кои калиум, калциум, магнезиум, цинк итн. Секој мед, ако е природен и вистински е лековит, не е важно од кое растение потекнува. Помага при кашлање, проблеми со бронхиите и респираторни проблеми.

Еве како да направите еден од најефикасните народни лекови за настинки и вируси

Потребни состојки:

  • 500 грама мед
  • 7 лимони
  • 7 чешниња лук
  • 300 грама ореви
  • 250 грама ‘ртена пченица

Подготовка:

Изблендирајте ја пченицата, потоа додадете ореви, лук и три цели лимони со кора. Исцедете го сокот од преостанатите лимони, кои ќе ги додадете во оваа смеса. Потоа додадете мед на сето ова и мешајте додека не се соединат сите состојки.

Чувајте ја оваа смеса во стаклена тегла или сад во фрижидер и консумирајте ја само откако ќе отстои три до четири дена.

Кога овој природен лек е подготвен за употреба, консумирајте лажичка или две половина час пред секој оброк.

извор: „stil.kurir“

Слични објави

Првата сопруга на Горан Ратковиќ Рале откри детали за неговите афери и врската со Индира Радиќ

Еспресо

Слаткар се стопи, раперот здраво живее и многу ослабе

msp-admin

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin

Тие му се единствената утеха по смртта на брат му: Дарко Лазиќ со нова емотивна објава

msp-admin

(Фото) Ивона Јо во проѕирен фустан, посекси не изгледала досега

msp-admin

Намалете го холестеролот без лекови – што да јадете, а што да избегнувате?

Еспресо
Се вчитува....