3.8 C
Скопје
17:27 - 15 јануари, 2026

ПОЈАДУВАЈТЕ ЧОКОЛАДО ЗА ДА ОСЛАБЕТЕ: Науката го поби митот дека чоколадото е калорично и нездраво!

Чоколадото има многу корисни својства. Тоа е лек, афродизијак и начин за добро расположение. Го стимулира лачењето на хормони за среќа повеќе од страстен бакнеж и го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Конзумирањето чоколадо на „празен стомак“ има свои придобивки. Се разбира, овие придобивки важат само ако се консумираат умерено. Прекумерното внесување чоколадо може негативно да влијае на здравјето, во тој случај може да се појават осип, како и тахикардија и хипертензија. Идеалната количина на чоколадо е до 100 грама дневно. Сè што е над таа количина станува штетно за телото.

 

Бидејќи ова слатко отсекогаш било предмет на бројни истражувања, научниците дошле до интересен заклучок, а тоа е дека чоколадата може да помогне и при губење на вишокот килограми.

Една студија на Харвард докажа дека жените во менопауза кои јадат малку чоколадо за појадок секој ден губат телесната тежина полесно и побрзо.

Експериментот траеше точно две недели. Три групи од 19 жени во менопауза беа волонтери во студијата. Жените од првата група јаделе храна типична за областа каде живееле, додека жените од втората група добиле околу 100 грама млечно чоколадо во рок од еден час по будењето, а учесниците од третата група јаделе чоколадо во иста доза, само час пред спиење.

unsplash
 

Кај жените кои јаделе чоколадо наутро, тежината не се променила, но составот на цревната флора се подобрил, а нивниот обем на половината исто така се намалил.

Третата група, која јадела чоколадо пред спиење, исто така се чувствувала подобро. Жените од оваа група ја зголемија физичката активност следниот ден во просек за 6,9%, и имаа помала потреба за слатки.

Главниот заклучок до кој научниците дошле за време на овој експеримент е дека жените кои јаделе 100 грама чоколадо секој ден не се здебелиле. Резултатите од овој експеримент го отфрлија митот дека чоколадото е калорично, и дека треба да се избегнува ако сакате да изгубите тежина.

Слични објави

Прва кавга меѓу Мина Костиќ и Каспер: Пејачката се налутила на својот дечко поради еден потег

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Заедно за подобро здравје, кредит со 0 отсто камата

Еспресо

(Фото) Жешки кадри на Уна: Ќерката на Чола ги истакна бујните гради

Еспресо

Неда Украден ја откри тајната на својот беспрекорен изглед: Убаво е да имаш дизајнерски парчиња, тие имиња не се случајни

Еспресо

(Фото) Трудница цела од злато: Милица Тодоровиќ пред породувањето направи хаос на Инстаграм

Еспресо

Тереза Кесовија официјално ја завршува кариерата: Ова ѝ е желбата пред да го остави микрофонот

Еспресо
Се вчитува....