20:45 - 22 мај, 2026

ПИЕТЕ КАФЕ ПРЕД ПОЈАДОК И БРЗО ПО БУДЕЊЕ: Прекинете со тие утрински навики

Голем дел од луѓето првиот утрински ритуал го прават со пиењето кафе, бидејќи омилениот мирис на кафето го разубавува денот.

Зошто не е добро да пиете кафе веднаш по будењето?

Една од причините е зголемувањето на кортизолот, хормон кој има негативен ефект врз овулацијата, телесната тежина и рамнотежата на хормоните. Овој т.н. хормон на стрес помага во регулирање на енергијата и ве одржува будни. Кога пиете кафе наутро тоа е период кога кортизолот е секако висок поради станувањето – со тоа влијаете на производството на хормони и го преместувате циклусот на природно создавање во текот на денот. Ова дополнително води кон производство на кортизол во организмот кога не ви е потребен, особено во вечерните часови кога сакате да заспиете.

Кортизолот е неопходен за општата здравствена состојба на луѓето. Меѓутоа, кога постојано сте под стрес вашето тело континуирано произведува кортизол, што може да доведе до зголемување на шеќерот во крвта и производство на инсулин. Вишокот кортизол предизвикува прекумерна тежина, проблеми со спиењето и пад на имунолошкиот систем

Зошто не е добро да се пие кафе пред појадокот?

Пиењето кафе пред оброк може да доведе до здравствени проблеми на цревата. Влијанието на цревата, го стимулира производството на киселина во желудникот. Доколку имате проблеми со киселина, треба да обрнете внимание дали симптомите се влошуваат кога пиете кафе, особено пред јадење. Покрај тоа, поладното кафе има 70% помалку киселина од врелото кафе.

Ако кортизолот е висок, зошто се чуствуваме поспани?

Кога се чувствуваме најмногу поспано и очајно ни треба шолја кафе – всушност веќе имаме доволно ниво на хормони во нашето тело за да бидеме будни. Едно од објаснувањата е, доколку сте навикнати да пиете кафе наутро, вашето тело со текот на времето ги отфрла своите природни механизми за будење. Втората причина е дехидрираноста. За време на спиењето губите одредена количина вода и се чувствувате слаби и поспани, иако всушност сте само жедни. Третата причина е недоволното спиење или наизменичното спиење.

 

Слични објави

(Видео) Цеца со внуците во посета на семејната куќа во Житораѓа – малиот Крстан ги разнежни сите

Еспресо

(Фото) Гламур под отворено небо – Во Villa Diva искусете поинаква димензија на вашата прослава

Еспресо

(Фото) Јелена Томашевиќ, скршена од смртта, јавно се прости: „Од мали нозе…“

Еспресо

(Фото) Длабоко деколте и светкав мини фустан: Жежок танц на Сузана Гавазова

Еспресо

(Фото) Поранешната сопруга на Милан Калиниќ ужива по разводот: Исочнана и убава се опушта во Италија

Еспресо

За ежење: Снеже Велков сподели емотивна фотографија

Еспресо
Се вчитува....