8.8 C
Скопје
09:39 - 27 октомври, 2026

ОД АПТЕКА ИЛИ ОД МАРКЕТ: Ако сте на антибиотици конзумирајте храна богата со пробиотици

Во аптеките се продаваат многу различни видови пробиотици, кои се одличен додаток кога треба да го подобрите имунитетот, кога пиете антибиотици и кога на некој начин имате нарушување на дигестивниот систем.

Добра вест е што можете да ги внесувате и преку одредени хранливи продукти, кои ги содржат пробиотиците во помал или поголем процент.

Со помош на ваквата исхрана, можете да бидете сигурни дека поретко ќе имате пад на имунитетот и полесно ќе се борите против воспаленија и инфекции.

Еве кои продукти ги содржат:

Домашно кисело млеко – киселото млеко кои самите го поткиселуваме е многу подобар избор од она во продавниците, бидејќи сме сигурни дека користиме млеко со добро потекло. Млекото од крави, кози и овци кои паселе свежа трева има повеќе пробиотик од оние кои се хранети со сено и пченкарна каша.

Младо бело сирење – несоленото младо сирење е одличен извор на пробиотик, кое во исто време содржи и помалку казеин и лактоза отколку зрелите сирења.

Кисела зелка – ова е најдобриот природен пробиотик, полн со витаминЦ и ензими кои ни се потребни за правилна работа на телото. Затоа и редовно треба да биде на нашето мени во есента и зимата.

Комбуха – оваа габа, заедно со јапонските водни кристали, можете да ги користите како природен пробиотик преполн со здрави бактерии и микроелементи.

Кефир – за разлика од комбухата, која се прави со чај, кефирот ферментира во млеко. Добиениот пијалак е еден од најдобрите природни пробиотици на светот. Има вкус на јогурт.

Туршија – домашна туршија чиј пресол е направен само од сол и вода (без оцет) е одличен пробиотик. Тука спаѓаат краставичките, карфиолот и секако, зелката.

Слични објави

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо
Се вчитува....