18:43 - 1 април, 2025

Никотинот го „мами“ мозокот

unsplash

Мозокот изложен на никотин почнува да го толкува пушењето како корисна активност. Никотинот користи „потсвесен“ механизам за учење, кој ги поврзува ситуациите од околината и соодветната реакција.

Истражувањата покажуваат дека никотинот, состојка во цигарите што предизвикува зависност, го „мами“ мозокот. Ова може да објасни зошто поранешни пушачи имаат желба да запалат цигара кога се во бар или после оброк.

Студија спроведена од истражувачи од Медицинскиот колеџ Бејлор сугерира дека нашиот мозок функционира поврзувајќи ги настаните од околината со реакции, па затоа емитува „сигнал за награда“ кога ќе се однесуваме на начин што е корисен за нас, вели д-р Џон Дени, професор по неврологија.

unsplash

Никотинот ја презема контролата над овој механизам за потсвесно учење, па мозокот го толкува пушењето како позитивно дејство“, изјави д-р Џон.

Тој објаснува дека поради тоа, одредени настани од околината можат да предизвикаат желба за пушење. Алкохолот, оброк со пријатели и возењето во автомобил може да станат сигнал што предизвикува пушење.

Истражувањето испитувало какво влијание има никотинот и каква активност предизвикува во мозокот на глувци. На глувците им било дозволено да шетаат низ две комори. Во едната комора биле изложени на никотин, а во другатa имало солен раствор.

unsplash

Научниците следеле колку долго глувците престојувале во коморите, како и мозочната активност во хипокампусот, дел од мозокот каде се создаваат нови спомени.

Активноста во мозокот беше неверојатна… Во споредба со солен раствор, никотинот ги зајакнува врските помеѓу невроните до 200 проценти. Тоа зајакнување на врските е показател за создавање нови сеќавања“, вели д-р Дани.

unsplash

Тој објаснува дека разбирањето на механизмите со кои се создаваат спомените може да помогне во подобро разбирање и наоѓање лек за болести како што се Алцхајмер или Паркинсон.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Синдром на скршено срце

Еспресо

„Санте плус 3“, лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Заштитете го вашето срце, направете коронарен стрес-тест

Еспресо

Клиника „Жан Митрев“: Вратите на Клиника „Жан Митрев“ се отворени за секој кому му е потребна медицинска помош

Еспресо

„Санте плус 3“, лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Што е доплер на каротиди, за што се користи и кои се придобивките

Еспресо

Интервју со д-р Катерина Игневска, специјалист по микробиологија во Клиника „Жан Митрев“: Преку едукација и вежби до нулта толеранција за болнички инфекции

Еспресо

„Санте плус 3“, лидер на услуга, квалитет и професионализам во здравствениот сектор: Мамографија – кога и зошто е важна?

Еспресо
Се вчитува....