22.8 C
Скопје
13:19 - 29 март, 2024

Аудио касетите се враќаат: Продажбата вртоглаво расте

unsplash

Во времето кога предвидувањата за иднината биле само фикција, убаво е да се види дека дел од нив навистина се остваруваат. Секако, под услов предвиденото да е нешто пријатно, што ќе го израдува човекот.

Еден таков случај, можеме да заклучиме со задоволство, беше прогнозата дадена во 2016 година, која се однесуваше на „пропаста“ на аудио касетите.

Децата на новиот милениум можеби дури и не се сеќаваат на нив или ги имаат видено само по филмови, но сите постари од 30 години сигурно сè уште се сеќаваат на звукот на касетите. Дури и на маката за премотување (секако со помош на молив) кога лентата ќе се извлече од касетата.

unsplash

Касетите имаа сто маани, како што е фактот со лентата што поради често слушање тие редовно се истегнуваше така што изведувачот чиј глас беше запишан почнуваше да звучи трагикомично. Но, и покрај сето тоа, касетите се пријатен потсетник на „недигиталните“ денови.

Имено, сега времето се враќа назад. Голем број актуелни ѕвезди со издавањето на нов албум, освен во дигитална форма и винил (затоа што со текот на времето тоа стана стандард), албумот го издаваат и на аудио касети.

Според податоците објавени од здружението на британските дискографски куќи, се вели дека во текот на 2020 година продажбата на аудио касети се зголемила за дури 103%.

unsplash

Поточно, во Велика Британија, и покрај ситуацијата со пандемијата на коронавирусот, биле продадени 157.000 касети.

Податоците покажуваат дека 2020 година била најдобриот период од 12 месеци за продажба на касети во Велика Британија во последните седумнаесет години.

Говорејќи за пред седумнаесет години, во 2003 година најпродаваниот уметник во тој формат беше „Now 54“. Денес тоа е Лејди Гага со нејзиниот неодамнешен албум „Chromatica“.

unsplash

Потоа следат „5 Seconds of Summer“ со албумот „Calm“ како најбрзо растечки албум, Селена Гомез со „Rare“, Кајли Миног со албумот „Disco“, Дуа Липа со „Future Nostalgia“ и други.

Можеби се прашувате зошто сите овие купувачи посегнале по класичните аудио касети имајќи го предвид впечатокот дека денес е потешко да се дојде до касетофон.

Ако е така, веројтно не сте погледнале добро при вашата последна посета на продавница за аудиовизуелна опрема или за техника.

Касетофоните никогаш не „исчезнаа“ од пазарот. Дизајнот најчесто потсетува на старите, но се нудат и модерни, минималистички модели. Повеќето од нив, покрај касети, имаат опција и за „CD“ – опција што веројатно постепено исчезнува.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо

(Видео) Како Тито славел Нова година: Најголеми музички ѕвезди, одлична храна и тамбури

Еспресо

Денес е Свети Никола, што да (не)правите на овој голем ден

Еспресо

Климатска катастрофа и принц Хари на тронот: Објавени прогнозите на Нострадамус за 2024 година

Еспресо
Се вчитува....