11:22 - 7 април, 2025

НАМИРНИЦИ ЗА ДОБРА КОЖА: Мени што би го избрала кожата

жена кожа здравје

Во денешно време вложуваме многу време и пари на надворешна нега на нашите лица. Но, колку внимание посветувате на храната што ја негува вашата кожа од внатре кон надвор? Во текот на изминатата деценија, научивме многу за тоа како храната што ја јадеме влијае на нашшата кожа.

Поради следниве намирници вашата кожа ќе ви се заблагодари со сјаен и здрав тен, без брчки и мозолчиња.

Зеленчук во бои на виножитото

Бета-каротинот е хранлива материја која се наоѓа во растенијата. Станува збор за растителен пигмент кој дава карактеристична боја на портокаловиот и црвениот зеленчук како моркови, тиква и слатки компири. Во телото се претвора во витамин А, кој го регулира производството и замената на старите клетки со нови, па површината на кожата станува мазна и затегната.

Јаткасти плодови и семиња

Општо земено, јаткастите плодови и семките се добри извори на хранливи материи важни за здрава кожа. Семките од сончоглед се одличен пример – околу 30 гр семки од сончоглед содржат 32% од препорачаната дневна доза на антиоксиданс селен, 10% од препорачаната дневна доза на цинк и 5,4 грама протеини. Оваа количина обезбедува и 37% од препорачаната дневна доза на витамин Е, што е одличен начин да ѝ обезбедите на вашата кожа доволно витамини и антиоксиданси.

Авокадо

Авокадото е богато со здрави масти кои придонесуваат за многу функции во телото, вклучувајќи го и здравјето на кожата. Авокадото е исто така добар извор на витамин Е, важен антиоксиданс кој ја штити кожата од оксидативно оштетување.

Црвени или жолти пиперки

Како и слатките компири, пиперките се одличен извор на бета-каротин – околу 150 гр сецкани црвени пиперки содржат 92% од препорачаната дневна доза на витамин А. Тие се исто така богати со витамин Ц, антиоксиданс потребен за создавање протеински колаген кој го задржува кожа цврста и еластична. Една чаша пиперка дава импресивни 317% од препорачаниот дневен внес на витамин Ц.

Брокула полна со витамини и минерали

Брокулата е на оваа листа бидејќи е полна со многу витамини и минерали важни за здравјето на кожата, вклучувајќи цинк, витамин А и витамин Ц. Исто така содржи лутеин, каротеноид кој делува како бета-каротин и ја штити кожата од оксидативно оштетување – инаку кожата може да стане сува и збрчкана.

Домати

Доматите се одличен извор на витамин Ц и ги содржат сите главни каротеноиди, вклучувајќи го и ликопенот, што ги прави одлична храна за одржување на здрава кожа. Каротеноидите бета-каротен, лутеин и ликопен ја штитат кожата од оштетување на сонцето и исто така можат да спречат појава на брчки.

Чоколадо

Иако чоколадото долго време е сомнително за појава на акни и мозолчиња (што сè уште е точно ако изберете чоколадо полно со шеќер), квалитетното темно чоколадо со 70 или повеќе проценти какао може да биде добро за вашата кожа. Истражувањата покажаа дека какао флаванолите (моќен тип на антиоксиданс) можат да ја подобрат еластичноста на кожата, па дури и да ја заштитат кожата од УВ оштетување.

виноФото: Unsplash

Црвено вино

Познато е дека црвеното вино содржи ресвератрол, соединение кое доаѓа од кората на темното грозје. На ресвератрол му се припишуваат широк спектар на здравствени придобивки, а намалувањето на ефектите од стареењето е веројатно едно од најпознатите. Сепак, придржувајте се до една чаша вино дневно – бидејќи е алкохол, секако има негативни ефекти ако претерате.

Слични објави

Јована Јоксимовиќ скршена од болка поради смртта на Татјана Спалевиќ, уредничката на „Танјуг“: Ангел, моето второ јас…

Еспресо

(Видео) Карлеуша објави видео со Милица Павловиќ и сите се прашуваат дали се смириле! Еве што напиша таа

Еспресо

(Фото) Гудељ и згодната српска пејачка дефинитивно се во врска! Деверот на Анастасија Ражнатовиќ пристигнал во Белград, а сè поради неа

Еспресо

Хороскоп за 7 април: Овните да бидат внимателни со одлуките, Биковите да направат искрен разговор со партнерот

Еспресо

Фудбалерот не ѝ одолеа: Гудељ „уловен“ со новата девојка – 20-годишна бомба која веќе го освои Балканот!

Еспресо

Александра Пријовиќ не ја купува вилата на Лепа Брена: Еве каков е планот на пејачката, сè е откриено

Еспресо