8.8 C
Скопје
14:51 - 21 февруари, 2025

ЛОШИ НАВИКИ КОИ ГО ЗАБАВУВААТ ВАШИОТ МЕТАБОЛИЗАМ: Ослободете се од нив!

девојка

Забавениот метаболизам и нездравите навики се главните виновници за зголемување на телесната тежина. За губење на тежината, неопходно е да се воведат почести оброци, да се зголеми темпото на вежбање и внесување протеини и вода, пренесува порталот „India“.

Премалку калории

Внесот на премногу малку калории може да го забави метаболизмот. Иако губењето тежина бара дефицит на калории, истото може да биде контрапродуктивно ако внесот на калории е премногу ниско. Кога драматично го намалувате внесот на калории, вашето тело чувствува дека добива многу малку храна и ја намалува стапката на согорување калории.

Конзумирање на слатки пијалаци и газирани сокови

Пијалаците засладени со шеќер се лоши за вашето здравје. Прекумерната консумација може да доведе до разни болести како што се дијабетес и зголемена телесна тежина. Многу од негативните ефекти на пијалаците засладени со шеќер може да се припишат на фруктозата.

пијалаци

Низок внес на протеини

Внесувањето на доволни количини протеини е исклучително важно за постигнување и одржување на здрава телесна тежина. Покрај тоа што помага да се чувствувате сити, високиот внес на протеини може значително да ја зголеми брзината со која вашето тело троши калории.

Истражувањата покажуваат дека внесот на протеини привремено го зголемува метаболизмот за околу 20-30% во споредба со 5-10% од јаглехидратите и 3% или помалку од мастите.

Иако метаболизмот неизбежно се забавува за време на губење на тежината и продолжува да биде побавен за време на одржувањето на телесната тежина, доказите сугерираат дека поголемиот внес на протеини може да го минимизира овој ефект.

Прескокнување на појадокот

Сите знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот, но поради динамиката, работата, училиштето, децата, може да се случи да го прескокнете тој важен оброк. Можеби не сметате дека е голема работа, но тоа многу влијае на телото, а со тоа и на метаболизмот.

појадок 3

Пречесто пиење алкохол

Една чаша вино нема да ве убие. Меѓутоа, ако пиете секоја вечер во неделата, тоа може негативно да влијае на вашиот метаболизам. Откако алкохолот ќе навлезе во вашиот систем, тој се меша со брзината на согорување на маснотии во вашето тело, предизвикувајќи вашето тело да согорува помалку маснотии и вашиот метаболизам да се забави. Ако се обидувате да го зајакнете метаболизмот, држете се до вода.

Јадете премногу рафинирани јаглехидрати

Рафинираните јаглехидрати се многу различни од јаглехидратите што се наоѓаат во житарките, овошјето и зеленчукот. Не посегнувајте по рафинирани јаглехидрати како бело брашно и шеќер.

вода
Фото: Profimedia

Помал внес на вода

Без доволно вода, вашиот метаболизам може да се забави. Некои истражувања покажуваат дека водата му помага на телото да согорува енергија и промовира губење на тежината. Водата, исто така, може да ве наполни за да можете да јадете помалку непотребна храна што ве дебелее. Можете исто така да јадете повеќе храна која е природно богата со вода, како лубеница или краставица.

Хроничен стрес

Кога сте во стресна ситуација, вашето тело произведува хормон наречен кортизол. Но, ако сте заглавени во зоната на стресот, вашето тело мисли дека уште се борите, па продолжува да произведува кортизол. Високото ниво на овој хормон го отежнува вашето тело да користи инсулин. Го забавува вашиот метаболизам и промовира зголемување на телесната тежина.

Слични објави

(Фото) На Теодора Џехверовиќ ѝ коментараа дека се здебелила, па таа возврати: „За тебе сум најдобра!“

apostolova

Дедото на Вељко Ражнатовиќ му одржа лекција на зетот: Му ја даде раката на својата најмлада ќерка, па му покажа со кого си има работа

apostolova

(Фото) Ниту мајка ѝ не би ја препознала без шминка! Вака изгледа Мелина во теретана! 

Еспресо

(Фото) Ова е идната снаа на Харис Џиновиќ и Мелина: Исплива фотографија од Кан и неговата атрактивна девојка

Еспресо

(Фото) Лазар Ристовски и 39 години помладата Аница ги покажаа телата во костими за капење држејќи се за раце

Еспресо

„Го издржувам, некои велат дека е со мене за пари“: Верица Ракочевиќ откри сѐ за приходите на нејзиниот 35 години помлад сопруг

Еспресо
Се вчитува....