Хроничниот стрес најчесто тивко, но константно влијае на нашиот организам, кој се преживува и памети.
Научете да ги препознаете симптомите кои не предупредуваат дека е време за промена на начинот на живот.
1. Уморни сте без оглед на адекватната количина на сон. Спиете редовно и доволно, но дури и по добриот сон се чувствате многу уморни и веднаш би се вратиле во кревет.
2. Наутро тешко се будите. Поради изложеноста на долготраен стрес надбубрежната жлезда правовремено не излачува доволно од хормонот кортизол кој наутро обично го стимулира создавањето на енергија во нашето тело и ни помага да се разбудиме.
3. Немирни соништа и ноќни кошмари. Со количината на сон прогресивно се зголемува и бројот на позитивни и убави соништа. Но кога сме нервозни и напнати, почесто се будиме, поради што се намалува можноста за достигнување на стапката на сон во кој уморните и оптеретени соништа се заменуваат со позитивни и релаксирачки слики.
4. Имате голема желба за солена храна. Хроничниот стрес доведува до дисбаланс во количината на електролити во телото, па поради тоа постојано имаме потреба за нешто солено.
5. Ви се завртува кога ќе станете од седечка, лежечка или чучечка положба. И тоа е директна последица од недостаток на електролити.
Постојат уште многу показатели на преголемото количество на стрес во телото, а некои од нив се, тежок ПМС и нередовни циклуси кај жените, чести настинки, немир и нерешителност, премногу кофеин и енергетски пијалоци, викенд главоболки, ненадејна појава на акни, кожни болести, појава на нови алергии, болки во стомакот, нагло дебелеење и слабеење, проблеми со киселини, анксиозно чувство, неможност за фокусирање и сл.
Пробајте да си помогнете преку медитација, повеќе витамин Б6, магнезиум, правилно дишење, релаксирачка музика и прошетки во природа.