22:21 - 22 декември, 2024

ИСТРАЖУВАЊЕ: Кои луѓе имаат генетска предиспозиција за потешка форма на ковид?

коронавирус

Како дел од новата студија, научниците идентификуваа ген кој двојно го зголемува ризикот од респираторна инсуфициенција и смрт од коронавирусот, а тоа би можело да објасни зошто луѓето од Јужна Азија се поподложни на оваа болест, пренесува „The Guardian“.

Студијата објавена во списанието „Nature Genetics“ сугерира дека генот наречен „LZTFL1“ двојно го зголемува ризикот од тешки последици од инфекција со коронавирусот. Генот, кој го менува начинот на кој белите дробови реагираат на инфекцијата, е најважниот генетски фактор на ризик што е идентификуван досега и го носат приближно 60 отсто од луѓето со јужноазиско потекло, во споредба со 15 отсто од оние со европско потекло.

ИСТРАЖУВАЊЕ: Во 2020 година во светот се користеле три милиони маски во 1 минута

„Генетскиот фактор што го откривме објаснува зошто некои луѓе многу сериозно се разболуваат по инфекцијата со коронавирусот. Постои ген што претставува значителен ризик за луѓето од јужноазиско потекло“, вели професорот Џејмс Дејвис, генетичар на Медицинскиот оддел на Универзитетот во Оксфорд.

Бидејќи студијата се фокусирала на случаи во Велика Британија, други научници предупредуваат дека на таквите наоди им е потребна дополнителна потврда и дека генетските објаснувања не треба да ги засенат другите потенцијално значајни социо-економски фактори на ризик со кои се соочуваат етничките малцинства, вклучително и изложеноста на работното место и нееднаквиот пристап до здравствена заштита.

НАЈЛЕКОВИТИОТ КОРЕН НА ПЛАНЕТАТА: Чистач на крв, маснотии, воспаленија и што ли уште не

Истражувањето на Дејвис и неговиот тим се заснова на претходна студија која идентификуваше голем дел од ДНК за која се сметаше дека влијае на тоа колку тешко луѓето го поминуваат вирусот, врз основа на генетското секвенционирање на десетици илјади пациенти задржани на болничко лекување во Велика Британија и други земји. Овој пат, беше откриено дека генот „LZTFL1“, кој претходно не бил проучуван, делува како прекинувач за активирање на клучниот одбранбен механизам кој го спречува вирусот да навлезе во епителните клетки што ги обложуваат белите дробови. Затоа, вирусот, како што велат, продолжува да навлегува, инфицира и да ги оштетува клетките во белите дробови подолг временски период.

„Иако не можеме да ја промениме нашата генетика, нашите резултати покажуваат дека луѓето со ген со поголем ризик веројатно ќе имаат корист од вакцинацијата“, рече Дејвис.

КОНЕЧНО ЗНАЕМЕ: Колку време по прележување на ковид-19 имаме антитела

Дејвис вели дека наодите укажуваат и на можноста за нови третмани кои се насочени кон одговорот на клетките на белите дробови. Повеќето современи третмани функционираат со менување на начинот на кој имунолошкиот систем реагира на вирусот.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....