21.8 C
Скопје
12:38 - 29 март, 2024

НАЈЛЕКОВИТИОТ КОРЕН НА ПЛАНЕТАТА: Чистач на крв, маснотии, воспаленија и што ли уште не

рен

Коренот рен содржи скоро 5 пати повеќе витамин Ц од најпознатите цитруси – лимон и портокал. Тука се и другите бројни состојки кои дејствуваат како природни антибиотици, есенцијални масла и соединението сингирин, поради кое има толку интензивен мирис и вкус.

Дури и мала количина од коренот на ова растение се доволни за да го поттикнат апетитот и да ја подобрат работата на цревата, а силните антиоксидантни својства го прават моќен сојузник во борбата против воспаленија, алергии и пад на имунитетот.

Помага при варење на тешка и масна храна

Кај нас, најчесто се користи како сос или крем, како додаток на масна храна како печено месо. Ренот му помага на телото полесно да ја свари оваа тешка храна, покрај тоа дополнително го чисти телото, го забрзува метаболизмот, го елиминира заморот и ја зголемува енергијата. Го стимулира размножувањето и развојот на корисни бактерии во цревата. Поради ниската содржина на гликоза, се препорачува и за лица со дијабетес.

Покрај коренот, може да се користат и младите листови. Тие се богати со аскорбинска киселина (витамин Ц) и бета каротен, а повеќето минерали се калиум, калциум, магнезиум, сулфур, железо и фосфор. Ренот содржи состојки кои дејствуваат како природни антибиотици – гликозид, морозин, синигрин, глутамин, гликоза, калиум, киселински сулфат. Исто така, содржи мала количина јаглени хидрати, протеини, како и добри масти.

Чистач на крвта: Помага при гихт, реума и настинки

Ренот веќе долго време се користи против болки во грбот, за чистење на крвта и урината. Поради диуретичните својства, може да помогне во исфрлање на камења и песок од бубрезите. Исто така, луѓето го користат како лек против белодробни заболувања, ревматоидна болка, гихт, кивање, синузитис како и за исфрлање на акумулираниот секрет од респираторните органи, против скорбут и инфекции на устата.

Предизвикува зголемена секреција на гастрични и цревни жлезди, жолчка и панкреас, а сокот од рен ги уништува бактериите коли, како и дизентерија и салмонела, заедно со многу други габи и паразити. Ренот влијае и на подобра функција на црниот дроб, ја стимулира работата на срцето и подобра циркулација.

Кој не треба да го користи

Иако има многу корисни својства, треба да се конзумира умерено. Не се препорачува за лица со акутно воспаление на внатрешните органи, со веќе постоечки проблеми со работата на цревата, како и за бремени жени. Прекумерната употреба на рен може да предизвика скок на крвниот притисок и да го зголеми крварењето. Ренот е исто така познат како силен диуретик, па затоа не се препорачува кога имате стомачни вируси или дијареа. Поради неговата моќ да го зголеми излачувањето на течности од телото, и поради опасноста од дехидрација, луѓето кои претерано се потат, исто така, треба да го избегнуваат.

Рецепт за смеса од рен која помага при астма

Подготовка:

Измешајте 4 лажици рендан рен со чаша јаболков оцет и варете на тивок оган. Кога ренот ќе омекне, процедете и додадете мед по желба. Смесата оставете ја уште малку на тивок оган додека не се згусне. Оставете да се излади и чувајте ја смесата во затворен сад во фрижидер. Дозирање: По една лажица наутро и навечер

Помош при воспалени синуси

Во тенџере за готвење ставете рендан рен и малку вода и варете на тивок оган. Кога ќе почне да испарува, тргнете го од шпоретот, покријте ја главата со крпа, наведнете се и инхалирајте до десет минути. Се препорачува ова да го правите пред спиење.

Маски од рен за чистење на кожата и зајакнување на коренот на косата

Оваа маска се прави едноставно со додавање рендано јаболко на ренданиот корен од рен. Држете на лицето до пет минути, а потоа исплакнете со млака вода. Ренот исто така е добар за избелување на кожата, отстранување на пигментните точки, флеки и пеги. Држете го исцедениот сок од корен од рен натопен на памучна крпа на кожата на лицето до пет минути, а потоа исплакнете.

Смесата за зајакнување на коренот на косата се прави со две лажици маслиново или рицинусово масло, лажица кисела павлака и две лажици рендан корен од рен. Нанесете го со триење на скалпот и по целата должина на косата, потоа завиткајте ја главата во крпа или фолија и држете ја околу 50 минути, а потоа измијте ја косата со шампон.

Ве молиме имајте предвид дека свежиот рендан корен од рен ги задржува своите лековити својства и до една недела.

Слични објави

Се нижат смешни коментари за разводите на Драгана Мирковиќ и на Харис Џиновиќ: „Зорица и Кемиш ни се последна надеж“

еспресо

Змијанац го коментира разводот на Харис Џиновиќ: „Не знам зошто сите полудеа, разводот е зло“

еспресо

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо

Астропрогноза за петок, 29 март: На Бикот ќе му се врати старата љубов, Лавовите ќе бидат кралеви на денот

еспресо

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо
Се вчитува....