12.8 C
Скопје
02:48 - 26 октомври, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) ВИКТОРИЈА БЕКАМ ЈА СПОРЕДУВААТ СО КЛОВН: Тритерџиите незадоволни од модниот избор на поранешната „Спајсица“

Гостуваше во емисијата „Добро утро Америка“ и со својот изглед и моден избор беше предмет на дискусии на социјалните мрежи.

Викторија Бекам важи за личност со стил, но судејќи според последните критиките што ги доби од социјалните мрежи, и оваа модна икона може да пропадне. Имено, таа неодамна гостуваше во емисијата „Добро утро Америка“ и се одлучи за парчиња облека од нејзните колекции, но изборот на бои се чини дека за многумина беше дискутабилен. Таа ги спои жолтите кадифени панталони со црвен џемпер со црни ракави, а како моден додаток носеше чанта во зелена боја. Светли бои доминираа во студиото, а на мрежите, нејзиниот стајлинг се споредуваше со маскотата на Мекдоналдс – кловнот.


Коментирањето не застана тука, бидејќи многумина забележаа дека таа „направила нешто со усните и образите“ и се прашуваа „што се случи со лицето на Викторија Бекам“.

Пејачката и дизајнерка, исто така, во емисијата зборуваше за нејзиниот 22-годишен брак со Дејвид Бекам.

„Тој е неверојатен татко и прекрасен сопруг. Многу се забавуваме и се поддржуваме еден со друг во се што правиме. Се работи за забава и уживање во друштвото на таа личност. Уживам кога сум со него, што е добро после сите овие години“, истакнала поранешната „Спајсица“.


Исто така таа зборуваше и за децата, како и за линијата за убавина и повторното обединување на „Spice girls“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)


„Уживав да работам на сцена, да играм и да пеам, но тоа време е зад мене“, истакнала Викторија.

Слични објави

Злата Петровиќ отворено за минатото: „Бев добра љубовница, но никогаш од корист“

Е.А.

Страшна тајна се крие во хитот на Цеца — „Расуло“ е напишана од две најголеми лични и семејни трагедии

Е.А.

Саша Капор со потресна порака за смртта на познатиот композитор Зоран Тутуновиќ – Тутун

Е.А.

Наташа Беквалац шокираше со признанието за гласот и сопствениците на клубови: „Не ме сакаат бидејќи со мене нема голем промет“

Е.А.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се преселија во Мадрид

Е.А.

(Фото) Ава Карабатиќ се спореди со Шарлиз Терон, следуваа брутални коментари: „Оди бери маслинки“

Т.Ц.
Се вчитува....