14:23 - 13 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Какво време нè чека за викендот? Ви носиме радосни вести!

ДЕНЕС И УТРЕ СТУД, ДОЖД И СНЕГ! Но, какво време нè очекува овој викенд?

– Под влијание на влажна и СТУДЕНА воздушна маса од север, денес и утре времето во Македонија ќе биде облачно и СТУДЕНО со врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег каде ќе се формира снежна покривка, понекаде со висина и од над 20 сантиметри. Денес повремено снег ќе врне и на повисоките места и тоа особено на запад и на север, а снежната граница локално има услови да се спушти дури и под 1000 м.н.в. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврнат над 40 л/м2 воден талог, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски и продолжува: 

– Ќе дува умерен ветер од северен и од северозападен правец, кој особено Долж Повардарието повремено ќе биде и со засилен на интензитет. Температурите ќе бидат значително потпросечни за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени.

Во Скопје и околината денес и утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, додека денес на околните планини ќе има услови и за врнежи од снег а ќе дува и умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 9 степени.

Според Попоски,  за време на викендот ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, а ќе има услови и за локален слаб краткотраен дожд. Особено во сабота ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Сепак, за викендот, температурите ќе бидат повисоки за разлика од сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени.

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....