10.8 C
Скопје
17:54 - 26 октомври, 2026

САРА ЏЕСИКА ПАРКЕР ОДГОВОРИ НА КОМЕНТАРИТЕ ЗА НЕЈЗИНИОТ ИЗГЛЕД: Да престанам да стареам? Да исчезнам?

сара џесика паркер

Актерката Сара Џесика Паркер им одговори на сите кои ја критикуваат поради нејзиниот изглед. Паркер ја краси насловната страница на модната библија „Vogue“ за декември 2021 година и во разговорот ги коментираше негативните коментари кои се појавија на социјалните мрежи по објавувањето на продолжението на серијата „Sex and the City“ насловено „And Just Like That“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Поголемиот дел од „злобните“ коментари беа фокусирани на возраста и изгледот на главните актерки, Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис.

(ВИДЕО) ОБЈАВЕН ТРЕЈЛЕРОТ ЗА ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА СЕКСОТ И ГРАДОТ: Фановите полни со коментари

„Имаше толку многу мизогини коментари за нашиот изглед кои никогаш не би биле упатени на маж. Воопшто не знам што да им кажам на овие луѓе. Седа коса, седа коса, седа коса. Дали таа има седа коса? Седам со Енди Коен и тој има глава полна со седа коса и никој не се прашува зошто“, вели актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Паркер додава дека тешко се справува со коментарите на социјалните мрежи бидејќи секој има нешто да каже. Посочува дека ги критикуваат или поради премногу брчки или затоа што другите колешки воопшто немаат брчки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

„Изгледа дека речиси и не сакаат да бидеме океј сами со себе, без разлика дали ќе избереме природно стареење или не. Знам како изгледам. Немам избор. Што да направам во врска со тоа? Да престанам да стареам? Да исчезнам?“, праша таа.

АВТОРКАТА НА „СЕКСОТ И ГРАДОТ“: Истоимената серија не е феминистичка

 

 

Слични објави

„Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Естетиката на машкиот стил низ спојот на класиката и современите трендови во бутикот „Капитол“

Еспресо

(Фото) Сузана Турунџиева сподели фотографии со внукот Јаков: Моменти за кои се живее

Еспресо

Денеска е полна Месечина во Бик — четири хороскопски знаци ќе бидат особено чувствителни на промените

К.С.

(Фото) Фотографија од Николина Пишек гола, изложена во Загреб: „Денот кога станав музејски експонат“

Еспресо

Ни подари 33 години радост, среќа, љубов и гордост: Таткото на Влатко Илиевски со емотивно сеќавање на својот син

Еспресо
Се вчитува....