25.8 C
Скопје
16:47 - 28 април, 2024

ЗАКОН ЗА АБОРТУС ВО СВЕТОТ: Каде е строго забранет, каде е дозволен

абортус

Случајот со трудницата од Полска која почина бидејќи лекарите не сакале да абортира иако нејзиниот живот бил во опасност, а фетусот неправилно се развивал, го привлече вниманието на светската јавнсот. Полјаците масовно излегоа на улиците да протестираат, сметајќи дека животот на младата жена можел да биде спасен доколку лекарите не чекале плодот да умре, почитувајќи го контроверзниот закон.

Абортусот е сè уште табу тема во многу земји во светот. Има бројни случаи на ригорозни закони како што е полскиот, но има земји каде погледот по ова прашање е многу либерален.

абортус

Речиси две третини од жените во светот живеат во земји каде што абортусот може да се изврши на лично барање од широк спектар на социјални, економски и лични причини. Многу земји кои дозволуваат абортус имаат ограничувања за тоа како да се изврши оваа процедура (најчесто, абортусот е дозволен до 12-та недела од бременоста на лично барање).

Според извештајот на Обединетите нации, податоците собрани до 2019 година покажуваат дека абортусот е дозволен во 98% од земјите со цел да се спаси животот на жената.

абортус

Други прифатени причини за абортус се зачувувањето на физичкото и менталното здравје на жената и тие се дозволени во 72 отсто од земјите, а во случај на оштетување на плодот, во 61 отсто од земјите.

Абортусот од економски или социјални причини е дозволен во 37 отсто од земјите, додека на барање на жената е дозволен во 34 отсто од земјите, вклучувајќи ги САД, Канада, како и повеќето европски земји.

Европа

И покрај големите разлики во ограничувањата според кои е дозволен абортусот, оваа процедура е легална во повеќето европски земји. Исклучок се Малта, Ватикан, Лихтенштајн и Андора, и од минатата година Полска, каде што абортусот е нелегален или строго ограничен. На второ место по ограничувања е Монако. Ограничувањата за абортусот се најстроги во земјите кои строго се придржуваат до католичката религија.

САД

Во САД, абортусот беше легализиран на национално ниво со одлука на Врховниот суд во 1973 година. Иако рамката поставена од Врховниот суд е многу либерална, сепак во пракса ситуацијата варира од една до друга сојузна држава.

На 29 јуни 2020 година, Врховниот суд повторно го потврди правото на абортус откако законот беше укинат во Луизијана со кој се ограничува оваа процедура. На 1 септември 2021 година, Тексас донесе еден од најрестриктивните закони за абортус во Соединетите Држави, со кој се забранува абортус по 6-та недела од бременоста.

Најрестриктивни закони

Строгите закони за абортус се карактеристични за Латинска Америка, со исклучок на Панама и Аргентина, каде оваа година се легализираше абортусот, потоа Африка, Блискиот Исток и азиско-пацифичкиот регион.

Во Латинска Америка, помалку од три проценти од жените живеат во земји со либерални закони за абортус. Католичката црква, која се противи на легализацијата на абортусот, е многу влијателна во овој регион.

Абортусите се дозволени во Куба, Аргентина и Уругвај, а целосно се забранети во Хондурас, Ел Салвадор, Доминиканската Република, Никарагва и Суринам.

Во Мексико, Гватемала, Венецуела, Бразил, Парагвај и Чиле абортусот е дозволен само во случаи кога треба да се спаси животот на жената, а во Колумбија, Еквадор и Перу во случај на зачувување на здравјето на жената.

Некои земји од Централна Америка, особено Ел Салвадор, исто така го привлекоа вниманието на јавноста поради многу насилните примени на закони за абортус, вклучително и затворањето на жртва на групно силување за убиство откако родила мртво бебе и беше обвинета за обид за нелегален абортус.

Африка и Азија

Што се однесува до Африка, абортусот не е дозволен во Египет, Мавританија, Сенегал, Сиера Леоне, Конго, Мадагаскар, а на барање на жената може да се изврши во Тунис, Јужна Африка и Мозамбик.

Во некои африкански земји, абортусот е дозволен само во случаи кога треба да се спаси животот на жената, а во повеќето случаи е дозволен само доколку е неопходно да се спаси здравјето на жената.

Во Азија забраната за абортус е на сила во Ирак како и на Филипините. Во случаи кога е неопходно да се спаси животот на жената, оваа процедура може да се изврши во Сирија, Иран, Авганистан, Јемен, Оман, Обединетите Арапски Емирати, Шри Ланка, Бангладеш, Бутан, Мјамар, Индонезија и Папуа Нова Гвинеја.

Извор: Нова.рс

Слични објави

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо

(Фото) Драгана Мирковиќ е минато за Тони, еве како се забавува

еспресо

Хороскоп за мај: Важен месец за Биковите, интересни вести за Близнаците, страст за Девиците…

еспресо

(Фото) Прва проба на Теја Дора на Евровизија: Вака ќе изгледа сценскиот настап на српската претставничка

еспресо

Астропрогноза за недела, 28 април: Девиците да внимаваат на мали нешта, Рибите да почнат да спортуваат

еспресо

Кармичка лекција: Два хороскопски знаци за неколку дена ќе се сретнат со бившите

еспресо
Се вчитува....