-0.2 C
Скопје
07:20 - 11 март, 2026

ДЕТЕТО СИ ЈА УДРИ ГЛАВАТА? Трик што мора да го знае секој родител

дете повреда џумка

Може да препознаете дали на детето му треба медицинска помош кога ќе си ја удри главата со еден трик

Тимот на австралиски медицински сестри зад страницата „CPR Kids“ велат дека детето може да си продолжи како ништо да не се случило по повредата, ако испакнатината е цврста како варено јајце и не е придружена со поспаност, повраќање или чудно однесување.

РАСТЕЊЕ СО ДОМАШНО МИЛЕНИЧЕ: Помал ризик за алергии, децата ќе бидат поактивни од нивните врсници

Меѓутоа, ако џумката е мека, како презреана банана, спремна да се претвори во сос, треба да одите на лекар што е можно поскоро.

„Удирањето на главата е вообичаено за секое дете. Ако детето веднаш заплаче, тоа е добар знак. Но, повредата на главата може да биде сериозна и да бара медицинска помош”, наведуваат тие.

„Кога ќе се појави џумка, ако е мека, тоа може да значи дека имало значително крварење и дека ви треба медицинска помош“, објаснуваат тие.

Цврста џумка е добар знак, но алармантно е, ако е проследено со повраќање, поспаност, абнормално однесување, напади или губење на свеста. Сите симптоми укажуваат на тоа дека е неопходно да се контактира лекар што е можно поскоро.

„Ако сте загрижени за нешто или се сомневате, побарајте помош“, заклучија тие!

ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА СЕБЕ: Најчести грешки кои ги прават новите мајки

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....