8.8 C
Скопје
01:23 - 18 октомври, 2026

Дали може да се спречат честите проблеми со мигрената?

Многумина се соочуваат со проблем наречен мигрена – што не е исто како обична главоболка. Станува збор за невролошка, најчесто генетски наследна состојба.

Одредени надворешни фактори можат да го поттикнат нејзиниот развој и да резултираат со болка која едвај се издржува. Покрај тоа, ако ви се случува често во текот на неделата, веројатно е предизвикана од преголема доза на стрес.

Д-р Сузан Хачинсон, експерт за главоболка, главоболката предизвикана од стрес ја опишува како мигрена која се јавува како реакција на промена на рутини.

„Она што го знаеме за пациентите со мигрена е дека сакаме рутини, но не се секогаш присутни“, вели д-р Хачинсон, која како што вели и самата страда од мигрена.

unsplash

Пандемијата, промената во дневните рутини, нарушувањето на распоредот на спиење, финансиски проблеми, работа од дома со постојано одвлекување на вниманието и општата несигурност се едни од главните предизвикувачи на стрес и поттикнувачи на мигрена.

„Би било идеално ако луѓето со мигрена секогаш легнуваат во исто време, стануваат во исто време и јадат повеќе здрава храна. Секое нарушување на рутините може да биде активирач на болката“, предупредува лекарката.

Пандемијата, промената во дневните рутини, нарушувањето на распоредот на спиење, финансиски проблеми, работа од дома со постојано одвлекување на вниманието и општата несигурност се едни од главните предизвикувачи на стрес и поттикнувачи на мигрена.

„Би било идеално ако луѓето со мигрена секогаш легнуваат во исто време, стануваат во исто време и јадат повеќе здрава храна. Секое нарушување на рутините може да биде активирач на болката“, предупредува лекарката.

pixabay

Иако не постои лек за мигрена, постојат многу техники кои можат да го спречат тоа. За да спречите мигрена додека поминувате низ стресен период, создадете дневна рутина и држете се до неа.

Пијте многу вода, јадете здраво и наоѓајте начини да го филтрирате стресот. Оттргнете ги очите и мозокот од компјутерот и секогаш кога можете одете на прошетка и одвојте време да се опуштите. Пијте шолја смирувачки чај и дозволете си уживање.

Секако и маслото од мента е идеално за главоболки. Ментолот може да помогне во ослободување на напнатоста и непријатноста што ги носи главоболката и може да ви помогне да се чувствувате значително посмирени.

Навремено легнување не е важно само за децата. Спиењето е од суштинско значење за здравјето на мозокот и управувањето со главоболката, така што може да спречите главоболка и со тоа што ќе одите во кревет порано.

„Нашиот мозок е деноноќен орган. Тој напредува со деноноќниот ритам“, вели интегративниот невролог Илен Рухој, нагласувајќи дека е важно да се придржувате кон рутините, дури и за време на празниците.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.

Дали сте „хеликоптер-родител“? Преголемата грижа за децата може да има неочекувани последици

К.С.

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Поврзани онлајн, осамени офлајн – менталното здравје во дигиталната ера

Еспресо

Зошто ви опаѓа косата? Овие се најчестите причини за кои можеби не сте знаеле

К.С.

Дали трчањето на загаден воздух е опасно за здравјето? Научниците откриваат како да се заштитите

К.С.

Која храна ги зајакнува коските, а која може да им наштети? Овие намирници се важни за нивното здравје

К.С.
Се вчитува....