16.8 C
Скопје
15:24 - 10 март, 2026

Д-Р СВИФТ ОД КЛИНИКА „МАЈО“ ИМА ВАЖНИ СОВЕТИ ЗА БОРБА СО ОМИКРОН И КОРОНА: Само при овие симптоми побарајте лекарска помош, инаку останете дома и лечете се сами со овој едноставен рецепт!

Д-р Мелани Свифт од познатата американска Клиника Мајо даде неколку корисни совети за закрепнување од коронавирус дома, кои вреди да се споменат со оглед на моменталната бројка на заразени луѓе ширум светот.

За почеток, со оглед на преоптовареноста на здравствениот систем, но и со оглед на нешто поблагата варијанта на омикрон, д-р Свифт нагласува дека не сите луѓе позитивни на коронавирус треба да побараат медицинска помош. Се очекува младите, инаку здрави лица без хронични заболувања, кои имаат благи симптоми на инфекција со коронавирус, без разлика на тоа која варијанта е, да можат да закрепнат дома.

„Повеќето случаи на КОВИД-19 всушност се лекуваат без потреба од какви било лекови на рецепт или со посебна, напредна нега“, објаснува д-р Мелани Свифт, копретседател на работната група за дистрибуција на вакцини за коронавирус на Клиниката Мајо.

Кога станува збор за домашна нега при благи симптоми, лекарката вели дека рецептот е едноставен – одморАЈТЕ, пијте многу течности и АКО Е ПОТРЕБНО земЕТЕ „ПАРАЦЕТАМОЛ“ за да ја смирите треската.

Д-р Свифт вели дека е важно да бидеме сигурни, будно следејќи ја нашата здравствена состојба, дека благите симптоми не се претвораат во симптоми за кои може да биде потребна медицинска помош.

– Доколку откриете дека имате проблеми со дишењето, тогаш треба да побарате лекарска помош. Но, исто така лекарска помош треба да побарате ако чувствувате болка или притисок во градите – објаснува д-р Свифт.

Исто така, треба да побарате лекарска помош ако се чувствувате збунети или ако имате вртоглавици или пак, ако чувствувате дека може да се онесвестите.

– Ако нивото на кислород ви падне многу ниско и вие или другите забележите дека почнувате да изгледате многу бледо или дури и синкаво, особено усните или врвовите на прстите, тоа е знак дека ви треба повеќе кислород и треба итно да побарате лекарска помош – вели докторката од клиниката Мајо.

Инаку, во други случаи, без вакви екстремни симптоми, може да се лечите дома и тоа без антибиотици.

Слични објави

(Фото) Еве како изгледа единствениот син на Тони Цетински: Живее далеку од Хрватска и има успешна кариера

Еспресо

„Ми се врати детето“: Луна Ѓогани конечно во прегратката на мајка ѝ и ќерките по драмата на Блискиот Исток

apostolova

Необична слика од Маја Панчева, пејачката изненади од рано наутро

msp-admin

Здравко Чолиќ ја бакна сопругата на Тарик Филиповиќ: Оваа приказна ја сподели Лејла за него

msp-admin

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

(Фото) По 15 години брак уште се романтични како младенци: Водителот Ненад со сопругата на плажа

msp-admin
Се вчитува....