6.8 C
Скопје
12:26 - 22 декември, 2024

БИОРИТМОТ ОТКРИВА: Проверете која диета е најдобра за вас за побрзо губење килограми

Со пресметувањето на биоритмот ќе откриете нешто ново за исхраната и така ќе дознаете која диета за вас е најдобра за побрзо да загубите килограми.

Како да го пресметате вашиот биоритам? Запишете го денот и месецот вашето раѓање, па собирајте се додека конечно не добиете една бројка.

На пример, ако вашиот роденден е на 13 август тогаш може да го пресметате својот број според следниов начин.

1+3+8=12

1+2= 3

Во тој случај вашиот биоритам број ќе биде 3.

Биоритам 1

Овој број е најпробирлив и личностите се такви кога е во прашање храната. Тие сакаат сè што е најдобро во животот, па оттука ја сакаат само квалитетната храна и ексклузивните јадења. На овој број на биоритам најефикасни се диетите во кои доминира зеленчукот и тие мораат да бидат ригорозни диети. Идеална диета – Данска диета.

Биоритам 2

Овие луѓе ги сакаат сите видови на слатки. Обично имаат чувствителен желудник па треба да избегнуваат премногу зачинета храна. Нив им се препорачува диета со храна во жолта боја – компир, пиперки, тиква, банана. Оттука, најефикасна диета за нив е диетата со тиква.

Биоритам 3

Припадниците на оваа група постојано се борат со вишокот на килограми. Сакаат тестенини, леб, шпагети, пити, лазањи и слични јадења, но сепак за да загубат килограми токму од тестенините треба да се откажат. Нив им одговара протеинска диета, односно Дукан диетата.

Биоритам 4.

Луѓето од оваа група се многу скромни кога во прашање е храната. Тие јадат само кога чувствуваат глад и не јадат премногу. Обично и немаат проблем со телесната тежина. Доколку сакаат да загубат некој килограм им се препорачува диета со храна во бела боја (млечна диета, диета на база на јогурт) или диета на база на јајца од типот на диетата од Клиника Мајо.

Биоритам 5.

Вечни деца – тоа се луѓето од оваа група, секогаш се во чекор со трендовите и први го применуваат секој нов тренд во исхраната. Сакаат да готват нови јадења, да испробуваат нови рецепти, но сепак се пробирливи. Нив најмногу им одговара егозтична диета, а идеална е јапонската диета.

Биоритам 6.

Луѓето од оваа група имаат голем апетит и гурмани се. И самите се многу вешти во кујната. Најважно за нив е убаво сервирана храна, многу вкусна и различна. За нив идеална е диетата хроно.

Биоритам 7.

Овие луѓе се љубители на вегетаријанска и макробиотичка кујна. Би требале да употребуваат овошје и зеленчук во големи количини доколку сакаат да ослабат. Идеална диета е диетата на Марк Битман.

Биоритам 8.

Ова се луѓе кои уживаат во зачинета храна, а и луѓе кои сакаат да се напијат по некое виски. Обожаваат месо, но ако сакаат да изгубат килограми треба да практикуваат диета со сложени, односно здрави јагленохидрати.  

Биоритам 9.

Родени гурмани и луѓе со голем апетит, не се воопшто пребирливи кога храната е во прашање. За нив најважно е само порцијата да биде голема и преполна. А овие луѓе им се препорачува диетата со мали почести оброци. Совршена диета за нив е Периконе диетата.

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо
Се вчитува....