21.8 C
Скопје
12:37 - 29 март, 2024

Алергиски календар: Во мај и јуни чувајте се од поленот на тревата и дрвјата

Веќе во февруари, кога почнуваат да цветаат првите растенија, претежно дрвјата и грмушките кои растат во нашето опкружување, кај чувствителните луѓе може да се појават алергиите.

Алергијата на полен се смета за една од најголемите епидемии во нашиот век, бидејќи ја погодува секоја петта личност. Симптомите не мора да бидат силни, но тие се изразито непријатни и можат да им го загорчат животот на алергичните. Сите симптоми може да се држат под контрола, под услов да знаете на каков вид полен сте алергични и кога е време за превенција.
Распространетоста на поленот со помош на ветрот е најголем проблем за повеќето алергии, бидејќи не постои начин да се спречи неговото ширење и присуство во воздухот.
На овие простори се појавуваат три периоди кога концентрацијата на полен е максимална: во пролет (полен од дрвја и грмушки), на почетокот на летото (полен од трева) и летно-есенски (полен од плевел).

Полен од дрвја

Дрвјата почнуваат да цветаат во рана пролет, средината на февруари и тој процес трае до почетокот на мај. Прво цвета лешникот, потоа врбите и брестовите. Подоцна цветаат брезата, буката, јаворот и дабот. Поленот од лешник се појавува во воздухот во првите денови од јануари, додека во средината на февруари го достигнува својот пик и обично тоа е периодот кога најголем број луѓе ги чувствуваат првите симптоми. Високата концентрација на полен се задржува сѐ до средината на април, иако поленот од дрвјата останува во воздухот сѐ до првата недела на јуни.

Топола – ова дрво произведува огромни количини полен во пролет, кој е причинител на многу алергии. Го препознаваме по големите бели топки, кои токму во овој период ги побелуваат улиците и влегуваат во домовите.

Бреза – доколку кивате во пролет, виновник е брезата. Поленот е голем алерген, а ова нежно листопадно дрво го има речиси насекаде, и во дворовите и во парковите.
Зимзелени дрвја – постојат околу 70 различни видови зимзелени дрвја, меѓу нив се и смреките и чемпресите, кои се алергени. Сезоната на нивните полени трае долго, од јануари до јуни, па треба да внимавате доколку растат во ваша близина. Ако забележите дебели жолти наслаги, тоа е од боровите и предизвикува кивање.

Даб – многумина се алергични на поленот на дабовите дрвја, кои на нашите простори се многу чести.

Коприва – оваа билка е, всушност, многу здрава и многумина ја употребуваат во секојдневната исхрана. Сепак, таа може да предизвика и алергиски реакции, па во тој случај треба да се избегнува.
Орев – поленот на оревот е чест предизвикувач на алергија и може далеку да патува низ воздухот, така што може да се изненадите доколку го немате во близина, а сепак, реагирате на неговиот полен.

Полен на трева

Луѓето на кои проблем им предизвикуваат полените на трева, симптомите може да ги очекуваат почнувајќи од мај. Тревата цвета од мај до средина на јули, а повеќето цветаат со помал интензитет и во септември. Во јуни алергичните треба да се чуваат и од поленот на липата.
Максимални концентрации на поленот на трева: 15 мај – 15 јуни.

Плевел

Коровите (плевел) цветаат од втората половина на мај до ноември. Овој период опфаќа цветање на амброзија, разни видови на лобода, боквица. Сепак, период кој им носи најмногу проблеми на луѓето е август, кога е активна амброзијата.

Амброзијата почнува да цвета од јули па трае до ноември, меѓутоа, својот врв го достигнува во август и во септември.

Максимални концентрации на поленот на амброзија: 1 август – 20 август.

Оние кои се најзагрозени во овој најсилен бран, во овој период почувствувале и силни алергиски реакции: зачестено кивање, затнат нос, течење од носот, кашлица и гребење во грлото.
А, често симптомите вклучуваат и чешање, црвенило и пецкање во очите. Овие симптоми се долготрајни, секојдневни и значително го нарушуваат квалитетот на животот.

Алергиите ретко поминуваат сами од себе, а бидејќи може да прераснат во некои посериозни состојби, како на пример, бронхијална астма, треба што побрзо да се дијагностицираат и навреме да се лекуваат.

Најчестите симптоми на алергиската астма се отежнато дишење, гушење, кашлање проследено со „свирење“ во градите и искашлување со оскуден тежок искашлок (спутум). Покрај респираторните симптоми, може да се појават и кожни манифестации, како што се осип или копривњача (уртикарија) придружени со чешање или појава на егзема, објаснуваат алерголозите.
За оние кои сакаат на секој начин да ја избегнат изложеноста на поленот, бидејќи тоа драстично го загрозува нивното здравје, експертите препорачуваат да поминуваат повеќе време во затворени простории, но и да обрнат внимание на извештаите за концентрацијата на поленот.

Практични совети

* Избегнувајте престој и спортување на отворено за време на сувите и ветровитите денови.
* Избегнувајте паркови и кампување, шетање покрај и низ површини обраснати со плевел.
* За одење во природа, изберете ден по дождот затоа што тогаш концентрациите на полен во воздухот се најниски.
* Затворајте ги прозорците во времето на најголемото опрашување (полинација – од 10 до 18 часот), особено во текот на претпладнето кога концентрацијата на поленот е најголема.
* Прозорците отворајте ги помеѓу десет часот навечер и четири наутро.
* Ако сте во можност, користете клима-апарат со филтри.
* Следете го извештајот за поленот.
* Не сушете алишта надвор.
* По доаѓањето дома однадвор, не заборавајте да се истуширате, да ја измиете косата и да ја смените облеката.

 

Слични објави

Се нижат смешни коментари за разводите на Драгана Мирковиќ и на Харис Џиновиќ: „Зорица и Кемиш ни се последна надеж“

еспресо

Змијанац го коментира разводот на Харис Џиновиќ: „Не знам зошто сите полудеа, разводот е зло“

еспресо

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо

Астропрогноза за петок, 29 март: На Бикот ќе му се врати старата љубов, Лавовите ќе бидат кралеви на денот

еспресо

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо
Се вчитува....