9.8 C
Скопје
09:51 - 19 април, 2024

5 ЗНАЦИ ДЕКА СТЕ ПРЕЛЕЖАЛЕ КОВИД БЕЗ ДА ЗНАЕТЕ: Што се случува откако вирусот ќе го напушти телото

ковид вакцина истражување

Најбезбедниот начин да се утврди дали сте имале корона е да тестирате за антитела, дури и ако тие тестови понекогаш не се 100 проценти точни. Тестирањето на антитела не дијагностицира ковид-19, но овие тестови можат да одредат дали нашето тело веќе се борело со вирусот. Друг начин да препознаете дека сте биле заразени е ако забележите некој од симптомите на синдромот „пост-ковид“.

Ова се петте најчести последици што ги остава ковид-19 врз нашето здравје:

Активноста лесно ве заморува

Оние кои имаат пост-ковид-синдром може да имаат лузни на белите дробови или срцето, што го прави вежбањето невозможно или опасно. Многумина, исто така, доживуваат исцрпувачки замор или малаксаност по напор – можеби ќе можете да се движите во текот на денот, но плаќате за тоа – со мигрена, замор или болки во мускулите – следниот ден.

Тешко ви е да се концентрирате

Овој феномен е познат како мозочна магла. Бидејќи влијае на белите дробови и респираторните органи, вирусот навлегува во некои центри на мозокот и исто така создава проблеми таму.

Имате скратен здив

Дури и по поблаги симптоми, некои луѓе имаат потешкотии при дишењето или постојана кашлица која трае со недели или месеци. Овие симптоми, исто така, можат да бидат резултат на недијагностицирана инфекција. Може да имате проблеми со качување по скали или да се изморите за време на обичните активности како што е миење садови.

Ве болат мускулите

Мијалгија е честа последица на ковид-19 и всушност е најчестиот симптом. Мускулната болка може да се појави на еден дел од телото или насекаде, од блага до мачна. Иако повеќето болки во мускулите минуваат сами по себе за кратко време, понекогаш болката може да трае со месеци. Мускулната болка може да се развие скоро насекаде во вашето тело, вклучително и вратот, грбот, нозете, па дури и рацете.

Постојано сте уморни

Друг вообичаен симптом. Не можете да ги исполните обврските дома или на работа: нема енергија. Дури и рутинските активности ве прават многу уморни. Оние кои имале ковид-19 може да имаат воспаление кое исто така влијае на мозокот или намален проток на крв во мозокот, што е објаснување за оваа последица.

извор: „stil.kurir“

Слични објави

Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ: Купувал марихуана

еспресо

Астропрогноза за петок, 19 април: За Близнаците нешто ново, за Рибите прилагодување на настаните

еспресо

Како земјотрес: Три хороскопски знаци ги чекаат големи промени на крајот на април

еспресо

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо
Се вчитува....