22:54 - 29 ноември, 2026

Жена го бакна Азис, а тој ѝ подари цвеќе: Папараците го снимија моментот

Кралот на народната музика, Азис, беше бакнат од жена која спонтано му возвратила на гестот — откако тој ѝ подарил цвеќе купено специјално за неа, без никаква посебна причина. Нежниот момент го забележало и будното око на папараците.

Пејачот на хитот „Хабиби“ купил букет од постара жена што продавала цвеќе на улица. Со насмевка ѝ подал пари, а потоа ги подал цвеќињата на девојката која била до него.

„Што можам да направам кога имам добро и големо срце,“ рекол Азис со насмевка за својот гест, кој предизвика симпатии кај случајните минувачи.

Пред овој момент, пејачот ручал заедно со девојката на која ѝ го подари букетот и со група свои пријатели. Друштвото било облечено опуштено, уживајќи во убавото време. Разговорите, според сведоци, се одвивале околу нов работен проект — најверојатно поврзан со емисијата „Пееш или лажеш“ на Нова ТВ, каде Азис се појавува како гостин во новата сезона.

На средбата присуствувал и негов деловен соработник, кој цело време запишувал белешки на лаптоп.

Добро срце и љубов кон животните

„Секогаш учествувам во хуманитарни акции, без разлика какви се. Но особено ми е жал за малите животни,“ рекол Азис, познат по својата емпатична природа.

Кралот на фолкот никогаш не престанува да ја изненадува јавноста — понекогаш со своите таленти, понекогаш со признанија, а сè почесто со својата доброта и човечност.

 

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....