9.8 C
Скопје
13:00 - 31 март, 2026

„Зеленски преживеа повеќе од 12 обиди за атентат за една година“: Еве што тврди новинарот Крис Випл

Новинарот Крис Випл, во својата книга за американскиот претседател Џо Бајден, рече дека шефот на Украина, Володимир Зеленски, преживеал повеќе од 12 обиди за атентат во текот на изминатата година. Неговите зборови ги цитира The Independent.

Според Випл, на кој се повикува The Independent, од самиот почеток на руската специјална операција во Украина, американското разузнавање му доставувало на Киев информации за можни обиди за загрозување на животот на Зеленски.

На крајот на декември Си-Ен-Ен објави дека за време на посетата на украинскиот претседател на главниот град на САД, во Вашингтон биле засилени безбедносните мерки поради стравувањата од можен обид за атентат.

Претходно, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана (НСДЦ) на Украина, Олексеј Данилов, за ТВ каналот Рада, како што пренесуваат руските медиуми, изјавил дека властите на земјата, вклучително и претседателот Володимир Зеленски, ги подготвувале граѓаните за војна уште пред почетокот на специјалната операција.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо
Се вчитува....