21.8 C
Скопје
13:20 - 3 октомври, 2026

Зеленски е подготвен да разговара со Путин, има само еден услов за да се запре војната

Зеленски е подготвен да разговара со Путин за да се запре војната, но под еден услов, се дознава од интервјуто на Зеленски за „Порта а Порта“предводено од италијанскиот новинар Бруно Веспа.

„Подготвен сум да разговарам со Путин, но без ултиматум. Првиот чекор е Русите да ја напуштат нашата земја“. Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „Порта а Порта“ кое вчеравечер се емитуваше на Раи1.

Зеленски ја повтори својата подготвеност да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, но не и да ги преиспита границите на Украина.

Зеленски објасни дека Украина осум години се обидува да влезе во сериозни преговори со Русија односно со Путин, од првиот конфликт во Донбас и анексијата на Крим.

Прашањето за преговорите, сепак, рече тој, „се комплицира секој ден бидејќи Русите секој ден окупираат села, убиваат, ги гледам трагите на тортурата, урнатините што ги оставаат зад себе и тоа во голема мера ја отежнува можноста за водење преговори“.

„Мораме да ги отстраниме руските вооружени сили од нашата територија, да немаме војска на руска територија. Мора да ги ослободат нашите села, нашите куќи, да го вратат ограбеното“, изјави Зеленски во интервјуто за новинарот Бруно Веспа.

„Како народ не можеме да прифатиме компромиси – објасни тој – во однос на нашата независност. Во најмала рака, тие мора да ја напуштат територијата што ја окупираа од 24 февруари. Тоа е првиот чекор за да можеме да зборуваме за било што, но не слушаме никакви одговори на ова прашање “.

Претседателот Зеленски рече дека „украинскиот територијален интегритет мора да биде обновен“ и дека неговата влада нема намера да ја признае анексијата на Крим кон Русија или независноста.

„Никогаш нема да го признаеме како дел од Руската Федерација“, рече тој, додавајќи дека „ние сме подготвени да разговараме со Русија, да, но сега со војната ова болно прашање мора да се остави настрана, доколку ја попречи средбата меѓу двајца претседатели“.

Шест смртни случаи од „треска“ и стотици илјади заразени по првата инфекција со Ковид во Северна Кореа

Слични објави

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

„Врската на далечина може да опстане“: Лара Иванова е повторно вљубена

Еспресо

„Кој ти е крив, ти ме избра мене“: Хари Мата Хари знаел за вонбрачниот син од првиот ден

Е.А.

Животот на Тереза Кесовија бил исполнет со трагедии — рано останала без мајка, брат ѝ загинал, а се борела и со тешка болест

Е.А.

„Мојот татко не умре од природна смрт“: Лепа Брена во емотивна исповед раскажа за семејната трагедија и борбата низ животот

Е.А.

Појадок напладне, вечера доцна навечер — нередовните оброци за време на викендот може да му штетат на машкото срце

Еспресо
Се вчитува....