13.8 C
Скопје
11:51 - 18 октомври, 2026

Затвор од 30 дена до една година: Капитол Хил, поранешниот советник на Трамп, Стив Банон, виновен за бесот кон Конгресот

Порнешниот советник на Доналд Трамп, Стив Банон е виновен за попречување на истрагата на комисијата што го истражува нападот на Капитол. Ова го одлучи федералниот суд во Вашингтон. 

Стив Банон, клучен соработник на поранешниот претседател Доналд Трамп и влијателна личност на американската десница, беше осуден за непочитување на Конгресот.

Поротата на федералниот суд во Вашингтон го прогласи Банон (68) за виновен за два прекршоци затоа што одбил да даде сведочење или документи на одбраната комисија што ги разгледува инцидентите од 6 јануари 2021 година поврзани со нападот на Капитол, од страна на поддржувачите на Трамп, кои се обиделе да ги сменат резултатите од 2020 година на претседателски избори.

Секое непочитување на Конгресот е казниво од 30 дена до една година зад решетки, плус парична казна од 100 до 100.000 долари. Окружниот судија Карл Николс го одреди датумот на казната – 21 октомври.

– За одлуката за казната ќе треба да се почека до 21 октомври, изјави федералниот судија Карл Николс.

Во петокот, адвокатите на Банон се обидоа да им објаснат на поротниците дека нивниот клиент е политичка цел. Обвинителството пак, возврати дека Банон покажал презир кон авторитетот на Конгресот и мора да одговара за неговото непочитување на законот. Обвинителката Моли Гастон им рече на поротниците дека нападот претставува „црн ден“ за Америка, додавајќи: „Нема ништо политичко во тоа да се открие што се случи на 6 јануари и да се осигураме дека тоа нема да се случи  никогаш повеќе“.

Слични објави

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо
Се вчитува....