17:10 - 27 ноември, 2026

Сопругот на Рики Мартин, Џван Јосеф проговори откако внукот на пејачот ги отфрли обвинувањата за инцест

Сопругот на Рики Мартин за прв пат проговори откако „проблематичниот“ внук на пејачот се откажа од тврдењата за инцест.

Џван Јосеф, кој е во брак со Мартин од 2017 година, објави фотографија од парот на Инстаграм со натпис „Вистината победува“ и црвено срце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jwan Yosef (@jwanyosef)

На Мартин (51) му се допадна овој коментар, и напиша „Мојата сила и мојата смиреност. Те сакам“.

21-годишниот внук на Мартин тврдеше дека тој бил во сексуална врска со пејачот.

Затоа тој поднел барање за забрана за приближување на Мартин до неговиот дом, тврдејќи дека ѕвездата во неколку наврати била видена како го следи и чека пред домот и дека сега  се плаши за својата безбедност.

Но, на виртуелното судско рочиште во четвртокот, внукот „доброволно се откажа“ да продолжи со судењето и рече дека повеќе не му треба заштитниот налог, како што рече портпаролот на судот.

Во видео изјава за NBC News по сослушувањето, Мартин рече дека не бил во можност да се брани во последните недели „бидејќи ја следев постапката каде што според законот бев обврзан да не зборувам додека не бидам пред судијата“.

Но, сега кога случајот е затворен, вели – „Тоа беше поразително за мене, за моето семејство, за моите пријатели“,„Никому не му го посакувам ова“.

Адвокатот на Мартин рече дека пејачот бил подготвен „да му се обрати на судијата директно на сослушувањето“ и да негира дека имал романтична или сексуална врска со неговиот внук.

Мартин, исто така, ќе ги оспори наводите дека го демнел и малтретирал својот внук, рече адвокатот.
„На тој што ја кажа оваа глупост, му посакувам добро и му посакувам да најде помош, за да може да започне нов живот полн со љубов, вистина и радост, а не да повреди некој друг“, рече Мартин. .

Претходно, адвокатот на Мартин, Марти Сингер, рече дека внукот се бори со „длабоки предизвици за менталното здравје“.

„Сите се надеваме дека овој човек ќе ја добие помошта што му е толку потребна“, рече Сингер во изјава за Тодеј.

Слични објави

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.
Се вчитува....