11:39 - 12 ноември, 2026

ЗА РУСИЈА НЕМА ВЕЌЕ ЕВРОВИЗИЈА: Серија силни притисоци од 11 национални радиодифузери, Џамала – победничката од Украина испраќа порака од Турција

Европска радиодифузна унија – одлучи да го суспендира статусот на членовите на конзорциумот на трите радиодифузери во Русија. 

По серијата силни притисоци од 11 национални радиодифузери, Русија е лишена од можноста да испрати свој претставник на Изборот за песна на Евровизија 2022 година во Торино, Италија. Притисокот бил најсилен од страна на телевизиските станици на Украина, и тоа неколку часа по почетокот на руската инвазија на земјата.

Помалку од дваесет и четири часа подоцна, трите руски радиодифузери кои припаѓаат на ЕБУ објавиле дека сакаат да се откажат од емитувањето на Евровизија како и од испраќање на свој претставник.

Во меѓувреме, Џамала, украинската претставничка на Евровизија од 2016 година, која всушност и донесе победа на Украина, по потресното бегство од Украина, најде засолниште со своите деца во Истанбул, Турција и оттаму испрати видео-порака.

„Русија ја напаѓа мојата земја. Мирните луѓе во украинските градови. За мене ова е глупсот. Потребна ни е поддршка од целиот свет. Оваа војна мора веднаш да заврши“, порача таа.

Слични објави

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.
Се вчитува....