13.8 C
Скопје
11:57 - 25 април, 2024

За Џулијан Асанж, човекот што знаеше премногу, зборува неговата сопруга: Направија сè за да го отстранат сеќавањето на вистинскиот Џулијан

Откако го бранеше Џулијан Асанж на суд, адвокатката Стела Морис Асанж се омажи за него и му роди две деца. Ветува дека до крај ќе се бори за негово ослободување, сè додека не го врати дома.

Обама никогаш не му се спротивстави на Џулијан, не можеше да го стори тоа без да ја загрози слободата на печатот. Трамп имаше повоинствен однос со светот на информациите. Разочарана сум, мислев дека плочата ќе се смени со Бајден, но сфатив дека на сите им одговара да молчи во затвор. Или, уште подобро, под земја. Фото Твитер

Тоа што Џулијан Асанж е сè уште жив, најмногу е заслуга на неговата Стела, која го спаси на сите начини на кој човек може да се спаси. Истакната адвокатката на меѓународната сцена, 38-годишната Јужноафриканка Стела Морис, родена Сара Гонзалес Девант, најпрвин го бранеше од обвинувањата за силување во Шведска (случајот беше поднесен во 2017 година), а потоа му стана и портпаролка на случајот „Викиликс“. Најпосле таа се омажи за него и му роди две деца (Габриел, 5 години, и Макс, 3 години). Свадбата беше прославена минатиот март, во затворот со максимална безбедност Белмарш, во Лондон, каде што основачот на „Викиликс“ (веб-страница што добива и објавува доверливи документи од „свиркачи“) е притворен од 2019 година. Според Стела, „САД сакаат да го судат за шпионажа и да го стават во затвор засекогаш. Тие не му простуваат што ги откри документите што ги докажуваат воените злосторства извршени во Авганистан и во Ирак по 11 септември, ниту, пак, објавените мејлови од персоналот на Хилари Клинтон во кои се сугерираше дека прелиминарните избори во 2016 година биле одржани на нетранспарентен начин. Тие прават сè за да го екстрадираат и засега се на добар пат“. Имено, на 20 април годинава, Лондонскиот суд формално ја одобри неговата екстрадиција во Америка. Но, Морис не се откажува. Се бори со сослушувања, демонстрации, средби со новинари, интервјуа и твитови. Во новото интервју дадено за италијанското списание „Венити фер“, таа ја објаснува својата борба.

Го направија невидлив

Таа поднела жалба до Лондонскиот суд, но сè уште нема датум на рочиште. Во меѓувреме, Џулијан Асанж доживеа исхемичен напад (мал мозочен удар). Стела објаснува дека сега тој „зема некои лекови за да не се повтори, но неговото психофизичко здравје се влошува секој ден“. За време на минатото рочиште Асанж бил подложен на психијатриско вештачење. Петмина лекари пронашле кај него самоубиствени тенденции, кои лесно би можеле да се „активираат“ доколку екстрадицијата стане реалност. Во затворот добива психолошка поддршка, „но тоа не е доволно, бидејќи Белмарш е ужасен затвор, го нарекуваат британски Гвантанамо“. „Ако дехуманизирате човек, тогаш можете да правите што сакате со него. Со Џулијан сè се случува многу систематски. Со обвинението за силување му го нарушија угледот, а потоа поднесоа сомневања за целта на неговата новинарска дејност, го поврзуваа името на Џулијан со предавство (по скандалот на Демократската партија на САД, дел од печатот и американската јавност почна да инсинуира дека Асанж заговарал со руската влада за да го промовира изборот на републиканецот Доналд Трамп, н.з.). Тие направија сè за да го отстранат сеќавањето на успесите што ги постигна „Викиликс“, платформа која, од друга страна, засекогаш го промени начинот на кој луѓето информираат“. Според Стела, „тие го трансформираа целосниот имиџ на човек што неколкупати беше предложен за Нобеловата награда за мир и го направија невидлив“.

Прогон, нема друг збор

Адвокатката и сопруга на Асанж понатаму објаснува дека не им било дозволено ниту да ѝ ја покажат на јавноста нивната свадбена фотографија.

„Поради безбедносно прашање, рекоа. Каков апсурд, каква штета може да направи портретот на двајца што се во брак? Не само тоа: сега веќе не му дозволуваат да присуствува на рочиштата. Мора да се поврзе на видеоврска. Тие прават сè за да го избришат од очите и од срцата на луѓето. Денес Џулијан е слаб, има прилично кратка коса и убава брада. Тоа е многу различно од сликата што кружеше за него за време на неговото апсење. Тогаш имаше многу долга брада и коса бидејќи со недели на неговиот бербер не му беше дозволено да влезе во амбасадата на Еквадор каде што добиваше заштита. Му го одзедоа и комплетот за бричење. Прогон, нема друг збор со кој може да се дефинира тоа што му се случува“.

Фото Твитер

Кога започна прогонството?

„Отсекогаш бил напаѓан зашто во текот на неговата кариера ги налутил сите оние што имале некаква моќ: институциите, банките, големите медиумски куќи. Но, работите се влошуваат со администрацијата на Трамп. Обама никогаш не си дозволи да му се спротивстави на Џулијан: тој не можеше да го стори тоа без да ја загрози слободата на печатот, основна за демократиите. Трамп имаше повоинствени односи со светот на информациите, а Бајден оди по стапките на Трамп. Јас сум разочарана. Мислев дека музиката ќе се смени со него. Наместо тоа, сфатив една работа, дека на сите им одговара да молчи во затвор. Или, уште подобро, под земја“, продолжува Стела.

Таа уверува дека и доколку го екстрадираат, ќе продолжи да се бори за да го врати дома, кај неа и кај децата, на кои секојдневно им повторува дека татко им ги сака, дека би сакал да биде со нив, дека тие четворица се семејство. Децата го гледаат неколкупати неделно, тоа се едночасовни посети при кои се седнати околу маса и не смеат да се движат. „Понекогаш цртаме, понекогаш читаме книги, тој ги скокотка децата, тие го гушкаат“.

јутјуб

Габриел и Макс се зачнати во годините кога Џулијан бил бегалец во еквадорската амбасада. Кога Стела дознала дека е бремена, чувствувала „мешавина од радост и екстремен терор“.

„Му напишав дека сум бремена. Во амбасадата имаше камери насекаде и за да се пренесе нешто приватно, најдобро е да се напише на белешка, да се свитка, да се предаде и потоа сето тоа да го прочитате наведнати над листот. Џулијан беше многу среќен и малку загрижен. Но, на крајот сфативме дека единствената сигурна работа е нашата љубов“, вели Стела.

А таа љубов не се родила на прв поглед. Стела била воодушевена од неговата интелигенција. „Тој е магнетски привлечен човек, љубопитен, заинтересиран да знае повеќе за личноста пред него. Веднаш имавме пријатен разговор и, да, можеби веднаш почувствував привлечност, но љубовта дојде подоцна. Веќе бевме блиски пријатели кога пламна искрата.“ Но плашејќи се за сопствената безбедност и за безбедноста на семејството, таа го сменила и името за да се заштити. Денес таа сонува за „понормален свет, каде што човек не треба да биде затворен само затоа што е на страната на вистината“. Понекогаш, вели Стела, фантазира за забава за добредојде, неколку месеци одмор на село, опкружени со природа, без никаква обврска, да го надоместат колку што е можно дел од изгубеното време.

Слични објави

Канје Вест се впушта во порно бизнис, отвора студио: Советничка му е ексљубовницата на Трамп,Сторми Даниелс

еспресо

Почина познатиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро

еспресо

Раста се огласи од болница, мора итно на операција: „На безобразните им посакувам исто да ги снајде“

еспресо

Се огласи сопругата на Никола Роквиќ: „И ние тргнуваме на пат за Грција…“

еспресо

Астропрогноза за четврток, 25 април: Скорпиите да не преземаат ризик, за Девиците неочекувани обврски

еспресо

Бела низа денови: Два хороскопски знаци ги чека исполнување на соништата

еспресо
Се вчитува....