00:44 - 14 ноември, 2026

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) БРЕМЕНА ЖЕНА СЕ ОБИДЕЛА ДА СКОКНЕ ОД ПРОЗОР: Барала „спас“ од насилниот маж

Застрашувачки сцени од Рио де Жанеиро го обиколија светот кога несреќната Марија Хозе (35), која е во десеттата недела од бременоста, била подготвена да се фрли низ прозорецот на стан на вториот кат од зграда во предградието Дуке де Кахијас за да се спаси.

Монструмот, сепак, ја фатил во моментот кога ја жената ја извадила едната нога низ прозорецот со цел да скокне, по што како што може да се забележи на видеото мажот ја фаќа за глава, силно повлекувајќи ја назад во станот.


Несреќната жена врескала и барала помош, викајќи гласно, додека насилникот ја давел и ја удирал трудницата. Страшната сцена е снимена од соседите од соседната зграда, кои веднаш повикале полиција.

Батиста веднаш бил уапсен, а на Марија и била укажана лекарска помош.

Според бразилските медиуми, Батиста збеснал откако минатиот понеделник дознал дека неговата сопруга, која очигледно била заклучена во станот, со денови фрлала листови хартија низ прозорецот со порака дека и треба помош.

– Во разговор со полицијата по ужаната лекарска помош Марија открила како континуирано ја тепал за време на двегодишната врска, а притоа постојано и се заканувал дека ќе ја убие заедно со нејзиниот четиригодишен син кој го добила од претходна врска.

Инаку, Марија веќе еднаш избегала од нејзниот парнер – монструм, кога во мај успеала да скокне од прозорецот без да се повреди, пренесува Daily Mail.

– Љубоморен е и посесивен. Не ми дозволуваше да излезегувам од дома, можев само да одам на работа. Потоа го изгубив работното место затоа што и често ми го забрануваше да одам на работа поради неговата посесивност. Меѓутоа, имаше моменти кога ветуваше дека ќе се смени и јас верував во тоа, низ солзи раскажала несреќната жена посочувајќи дека, за жал, агресијата на нејзиниот сопруг само се засилувала со текот на времето.

Шефот на полицијата Фернанда Фернандез нагласи дека Хозе најверојатно нема да ја преживее тортурата доколку нејзините соседи не го виделе и снимиле насилството.

– Тоа беше едноставна расправија на нормален пар, била изјавата на Батиста додека се бранел во полиција, а во меѓувреме несреќната Марија давала изјава како континуирано ја тепал за време на двегодишната врска, и како и се заканувал дека ќе ја убие и неа и нејзиниот четиригодишен син од претходна врска.

 

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....