Марија Егеља е вистински рај за очи секогаш кога ќе се појави на тв-екраните да презентира временска прогноза или пак како водителка во „Жикина шареница“ заедно во друштво на Живорад Николиќ.
Ова утро, српската водителка гледачите ги поздрави со на прв поглед, едноставна комбинација, но судејќи по коментарите на сите погледот им „застана“ во нејзиното бујно деколте.
Покрај тоа, Марија се обидела да привлече внимание и со нејзината маска која е во облик на срце.
– Да пружаме љубов, мир, поддршка и единство овие денови. Чувајте се себе си и луѓето околу вас, останете дома, не мора да работите. Природата на мојата работа е таква, нема застој, луѓето кои се занимаваат со јавна професија немаат пауза во вакви моменти. На никој не му е лесно, сите сме во ова – напишала Марија на Инстаграм каде ја споделила фотката.