16:30 - 7 ноември, 2026

Вил Смит се извини и на социјалните мрежи: „НАСИЛСТВОТО е отровно и деструктивно“

Откако побара прошка од Академијата, актерот реши да го стори тоа и на Инстаграм со долга објава: „Моето однесување беше неприфатливо и непростливо. Шегите на моја сметка се дел од работата, но шегата за здравствените состојби на Џеда беше премногу.“

Вил Смит веќе се извини на сцената на доделувањето на Оскарите, веднаш откако му удри шлаканица на Крис Рок, виновен за лошата „шега“ на сметака на Џеда Пинкет, сопругата на актерот. Но, можеби тие зборови, искажани кога ја примаше статуетката за филмот „A Winning Family – King Richard“, не му беа доволни и реши да побара прошка и на социјалните мрежи.

Во објавата споделена на сите негови профили и упатена до Крис Рок, неговите колеги, и публиката ширум светот, Вил Смит повторно се извини:

„Насилството во сите негови форми е отровно и деструктивно. Моето однесување на синоќешното доделување на Оскарите беше неприфатливо и непростливо. Шегите на моја сметка се дел од работата, но шегата за здравствената состојба на Џеда беше премногу за да ја поднесам и во тој момент реагирав емотивно“.

Потоа актерот директно му се обратил на комичарот:

„Би сакал јавно да ти се извинам, Крис. Ја поминав границата и згрешив. Засрамен сум и моите постапки не беа показател за човекот што сакам да бидам. Нема место за насилство во светот на љубов и добрина“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Will Smith (@willsmith)

„Сакам да се извинам и на Академијата, на продуцентите на шоуто, на сите присутни и на сите што ги гледаа Оскарите низ светот. Би сакал да му се извинам на семејството Вилијамс и на моето семејство од кралот Ричард. Длабоко жалам што моето однесување го извалка она што беше прекрасно патување за сите нас. Сè уште работам на себе. Искрено, Вил“.

Објава што потврдува, ако сепак имало потреба, дека шамарот во живо на сцената на 94-тото издание на Оскарите не бил подготвен скеч.

Многумина сега се прашуваат дали Академијата ќе одлучи или не да му ја одземе статуетката за најдобар актер на Вил Смит или ќе го прифати извинувањето.

 

Слични објави

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.
Се вчитува....