13.8 C
Скопје
01:52 - 9 октомври, 2026

(Видео) Поглед одблизу од трагичната несреќа на Ен Хеч; како е актерката?

Видеа од трагичната несреќа на Ен Хеч: од целосно уништениот автомобил до актерката која ја носат со брза помош.

принтскрин

На 5-ти август, на Ен Хеч ѝ се случи тешка сообраќајна несреќа. Актерката удрила во куќа во населбата Мар Виста во Лос Анџелес, ударот бил толку силен што била потребна интервенција на 50 пожарникари. Веднаш беше откриено дека Хеч е во тешка состојба, вклучително и со изгореници и итно беше пренесена во болница. На интензивна нега, семејството на американската актерка и режисерка од јавноста побара молитви за нејзино брзо закрепнување.

Како што објави веб-страницата „Пипл“, претставник на актерката (која има 53 години) ги увери фановите за нејзината моментно стабилна состојба:

„Ен моментално е во стабилна состојба. Нејзиното семејство и пријателите бараат од вас молитви и да ја почитувате нивната приватност во ова тешко време “.

На темата се осврна и поранешниот партнер на актерката Томас Џејн: „Моите мисли и молитви се со Ен, уникатен талент на нејзината генерација. Фала му на Бога, никој друг не беше повреден “. Томас потврдил дека Хеч не е во животна опасност.

Фотографии и видеа од присутни во моментот на страшната несреќа пристигнуваат на социјалните мрежи. Така, може да се види целосно уништениот автомобил, поточно – јагленисан.

На други снимки Ен е имобилизирана на носилки и однесена со брза помош. На едно од видеата ја гледаме и како се обидува да стане од носилката, веројатно во шок.

Во моментов се врши увид за причините за несреќата. Првата хипотеза на надлежните е дека актерката се движела со толку голема брзина што изгубила контрола над возилото.

 

Слични објави

(Видео) Вики Миљковиќ и Десингерица ги изненадија обожавателите – запејаа на овој хит од 90-тите

Еспресо

Сузана Манчиќ ја објави првата фотографија со внукот – не ја тргна насмевката од лицето

Еспресо

(Видео) Лејла Филиповиќ го прослави 50. роденден на гламурозна забава, ѝ запеа и Петар Грашо

apostolova

Трајче Манев четири децении по победата на „Макфест“ зборува зошто „Осамен“ му е посебна: Тоа е песна што сум ја создал со еден здив

Еспресо

Кавгата меѓу Аца Лукас и Неда Украден не стивнува: „Не може тој, познат како ’сплав‘, да ме закача мене“

Еспресо

Ана Николиќ му се закани на Раста поради песните со Сека Алексиќ, пејачката веднаш ѝ возврати

E.A.
Се вчитува....