07:03 - 7 февруари, 2026

(Видео) Шпанците ја ископирале Неда Украден за Евровизија? Се огласи и пејачката: „Ќе платат сигурно“

По српската пејачка Дара Бубамара, Шпанците на Евровизија ја плагираа Неда Украден и на нејзината „Бомба“ од 2020 година, која таа ја изведе на Беовизија, тврдат српските медиуми.

Овогодинешните претставници на Шпанија со песната „Zorra“ на групата „Небулоса“ предизвикаа многу коментари на интернет, пренесува српско „Мондо“.

„Извинете Шпанци, но ја имавме Неда Украден уште пред четири години! Победничката песна на Шпанија за Евровизија треба да биде дисквалификувана поради непочитување на правилата. Иста е како песната на Неда Украден“, е коментарот на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер.

За овие контроверзии се огласи и самата Неда Украден.

– Штотуку се вратив од Америка од турнејата и немав можност да слушнам ниту една песна на Евровизија. Ако е точно тоа што го кажувате дека шпанската песна личи на мојата „Бомба“, тоа, пред сè, е комплимент, а второ – сигурно ќе платат! Ќе ја слушнам, ќе се консултирам со авторот и потоа ќе одлучам што ќе направам. Благодарим за информацијата – изјави пејачката.

Како што беше претходно напишано, Дара Бубамара во 2022 година ја обвини претставничката на Шпанија на Евровизија дека ја ископирала нејзината песна „Екстравагантно“. Песната ја направија Стефан Ѓуриќ Раста и Слободан Вељковиќ Цоби во 2017 година.

 

 

Слични објави

(Фото) Ќерката на Анабела Атијас оперирана: Нина се огласи од болничкиот кревет, со лицето во завои

Еспресо

(Фото) Поранешната снаа на Кеба замина од Србија: Софија ужива на оваа далечна дестинација

Еспресо

Уапсен третиот осомничен за фрлената бомба врз куќата на Здравко Чолиќ

Еспресо

Милица Тодоровиќ се огласи од породилиштето: Го изгубив млекото поради стрес, само едно ве молам

Еспресо

(Фото) Цеца не штедела за стајлингот на Јахорина – само за штиклите дала 900 евра!

Еспресо

Ѓоле Ѓогани за Драгана Мирковиќ: „Таа е во ист ранг со Мајкл Џексон и Бијонсе“

Еспресо
Се вчитува....