04:23 - 9 ноември, 2026

(Видео) Се појавија шокантни снимки од Вики Миљковиќ: „Избришете го ова видео, никој да не го види“

Вики Миљковиќ пее повеќе од три децении, испеа многу хитови, но имаше и ситуации кога на луѓето не им се допаднаа нејзините изведби.

Во една прилика, во тогаш популарното шоу „Гранд шоу“, Вики излезе на сцената во бел костум, а наместо еден од нејзините хитови, реши да ја отпее песната „I will always love you“ – легендарна песна на Витни Хјустон.

Не е познато зошто Вики се одлучила на овој чекор, но додека има такви на кои им се допаднала нејзината изведба, има повеќе кои ја критикувале.

„Избриши го видеово да не го види никој“, „Еј таго, мајко божја“, „Вики, те сакам како пејачка, но не требаше да го правиш ова“, „Немаш глас ни блиску до Витни, кога таа го пее ова, се тресе наоколу“ – ова беа само дел од негативните коментари за пејачката.

Да потсетиме, на крајот на минатиот месец Вики го загуби својот брат Владица, кој почина на 47-годишна возраст по кратко боледување. Тој беше погребан во Ниш, а пејачката недолго потоа продолжи со работните обврски.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....