13.8 C
Скопје
00:06 - 26 септември, 2026

(Видео) Роналдо не покажува милост кон жената што го фабрикува неговиот глас во вирално видео

Кристијано Роналдо повторно несвесно се вплетка во контроверза која вклучува друга жена.

Во текот на кариерата, фудбалската суперѕвезда често се наоѓаше во контроверзии поради жени.

Португалецот е познат по многубројните љубовни врски. Иако се чини дека е среќен со својата девојка Георгина Родригез, тој повторно се најде во жешки води.

Деновиве на социјалните мрежи се прошири снимка од наводен случаен разговор меѓу арапската новинарка Халима Боланд и Роналдо. Халима тврди дека Роналдо случајно ѝ се јавил додека се обидувал да дојде до соиграч во хотелот. Таа дури објави и снимка од наводниот разговор на својот ‘Снепчет’.

Роналдо понатаму се извинува и се обидува да објасни како сакал да го повика својот пријател. Возбудената жена вели дека се вика Халеме Боланд и дека е кувајтска ТВ водителка. Таа го нарекува Роналдо ‘најдобар во светот’. На друга снимка Халима објави наводен разговор во кој „Роналдо“ ја кани на вечера после тренинг.

Меѓутоа, набрзо се појавија информации дека Халима всушност го фабрикувала гласот на Роналдо и дека разговорот никогаш не се случил. Некои арапски медиуми сега пишуваат дека на Халима ѝ се заканува тужба од клубот на Роналдо, „Ал Наср“.

Според извештаите, целата случка била лажна.

Саудискиот новинар Абдел Азиз Алкамес тврди дека веќе е поднесена тужба против Халима Боланд за злоупотреба на вештачката интелигенција за лажирање телефонски разговор со Роналдо. Таа, пак, тврди дека ништо не лажирала и додава дека на снимката го покажала бројот на фиксниот телефон каде се гледало името на јавувачот: „Фудбалски клуб Ал Наср“.

Таа чека од управата на хотелот да ги соопшти деталите за телефонскиот повик.

„Го почитувам фудбалскиот клуб Ал Наср и сум голем фан на Кристијано Роналдо, но морав да одговорам на сите овие лажни обвинувања против мене“, тврдеше таа по обвинувањата, кои таа ги негира.

Слични објави

Хана Хуљиќ за Петар Грашо: „Од концерт доаѓа дома во четири-пет наутро само за да биде со нас“

Еспресо

„Првата половина од мојот живот ја поминав…“: Марија Шерифовиќ донесе важна одлука на Бали

Еспресо

(Фото) Новата снаа на Брена се всели во станот на Виктор од 700.000 евра: Александра го покажа неверојатниот луксуз

Еспресо

(Фото) Торта на три спрата, скокалница и декорации – Сека Алексиќ го претвори дворот во игротека за роденденот на синот Јаков

Еспресо

„Својот труд го трошеше на луѓе кои тоа не го заслужија“ — Сузана Јовановиќ е разочарана од луѓето по смртта на Сaша Поповиќ

E.A.

„Одев по улица со синот и врескав на целиот глас“ — Стоја се присети на најтешкиот период кога ја избркале од дома со тригодишно дете

E.A.
Се вчитува....