23:56 - 27 ноември, 2026

(Видео) Прекинат концертот на „Парни Ваљак“: Пејачот падна од бина и заврши во болница

Групата „Парни Ваљак“ во неделата имаше концерт во Дубровник, но тие морале да го прекинат настапот поради повреда на пејачот Игор Дрвенкар.

Дубровчани и нивните гости се собраа во неделата вечерта на Страдун на концертот на групата „Парни Ваљак“ во рамките на Дубровничкиот зимски фестивал.

Тие ги изведувале нивните хитови, а потоа се случила несреќа, кога пејачот Игор Дрвенкар паднал од бината и се повредил.

Организаторите се огласија подоцна и открија што се случило со Игор.

„Концертот на ‘Парни Ваљак’ нема да продолжи поради повредата на пејачот, кој откако беше примен во болница, беше задржан поради изместување на рамото. Игор се чувствува добро“, објавиле од Дубровничкиот зимски фестивал.

Концертот на „Парни ваљак“ беше најавен за сабота, но беше одложен поради лошите временски услови.

Инаку, Дрвенкар на крајот на минатата година го наследи легендарниот Аки Рахимовски.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....