23:42 - 7 ноември, 2026

(Видео) Пет камиони со цвеќиња, кристални лустери и розов тепих: Погледнете како изгледаше свадбата на Зорица и Кемиш

Фолк пејачката Зорица Брунцлик и хармоникашот Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш денес ги обновија своите брачни завети по повод 40 години љубов и заеднички живот.

Гламурозна церемонија и свадбена венчавка се одржаа во нивната семејна вила во Крњача, а прославата собра бројни познати личности од светот на музиката, спортот и политиката.

Невестата и младоженецот блескаа во бели фустани, а на церемонијата присуствуваа нивните деца и внуци. Матичарот пристигна во дворот на нивниот дом, каде што Зорица и Кемиш уште еднаш ја потврдија својата љубов пред сведоци, но овој пат со обновување на брачните завети.

Пејачката лично се погрижи за секој детаљ, сакајќи денот да помине совршено, а посебен момент беше првиот танц. З орица изрази желба нејзиниот колега и пријател, популарниот пејач Ацо Пејовиќ, да ја отпее песната „Сè ти должам“ во живо.

Меѓу бројните гости беа: Светлана Цеца Ражнатовиќ, Ацо Пејовиќ, Драган Џајиќ и неговата сопруга, Александар Вулин, Катарина Грујиќ, Мики Периќ, Сања Маринковиќ и многу други.

Церемонијата се одржа во дворот на нивната вила, која беше претворена во вистинска бајка. Просторот беше украсен со над 1.000 килограми цвеќе доставено во дури пет камиони, а кристални лустери висеа насекаде, додека розов тепих и бела порта со цветни лакови ги пречекуваа гостите.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....